News from e-commerce

ТОП 10 земји од кои најмногу се прават онлајн трансакции кон домашните е-трговци

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година.  

Во текот на 2020 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 297.863 онлајн трансакции со вкупна вредност од 10,8 милиони евра, наспроти 170.390 онлајн трансакции со вкупна вредност од 6,8 милиони евра во 2019 година, што претставува раст од 74,8% во бројот и раст од 58,8% во вредноста на трансакциите. 

Зголемената понуда на производи и услуги онлајн, имајќи предвид дека само во 2020 година беа отворени 439 нови е-продавници, влијаеше позитивно на растот на бројот и обемот на онлајн трансакции, направени од страна на иматели на странски платежни картички кон македонски е-продавници.

Од вкупниот износ во вредност од 10,8 милиони евра кои странците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за купување во Македонија, половината, односно 50,7% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји.

Станува збор за следниве земји: 

Од аспект на бројот на онлајн трансакции направени со странски платежни картички во Македонија, 45,1% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение.

Најголем број на трансакции со странски платежни картички (50.406 трансакции) се реализирани со картички кои се издадени во САД, а потоа следи Обединетото Кралство со реализирани 32.296 онлајн трансакции. 

Дел од ова веројатно се должи на картичките од брендот “Payoneer” и “Revolut” од САД и Обединето Кралство кои воедно се користат од лица од земјава, особено лица од ИТ секторот кои работат “freelance” за странски фирми и по тој основ остваруваат приходи кои им се исплаќаат на овие картички, кои може да ги користат и за домашни трансакции.

Забележително е дека од останатите земји од каде што има најголем број на трансакции доминантни се оние земји каде има голем број на иселеници, како Швајцарија, Германија, Шведска, Италија и Австралија кои ги користат своите платежни картички за да купуваат онлајн од е-продавници од Македонија. Од соседните земји, Бугарија и Србија се дел од ТОП 10 земји кои пазаруваат онлаjн во Македонија. 

Од аспект на просечната вредност на трансакциите, имателите на платежни картички во САД во просек плаќале производи и услуги на износ од 2.451,00 денар, имателите на картички од Обединето Кралство плаќале просечно по 2.382,00 денари додека картички од Швајцарија просечно трошеле онлајн во Македонија 2.528,00 денари.

 

Related content