News from e-commerce

Бизнисот пред нов предизвик: Дали AI „знае“ за вашиот бренд?

Вештачката интелигенција веќе не е само алатка за автоматизација – таа станува новиот „слој“ преку кој корисниците пребаруваат, споредуваат и носат одлуки за купување. Токму ова беше во фокусот на бизнис настанот „Will AI Find Your Brand?“, кој се одржа во организација на АНК Северна Македонија и Represent Communications Скопје.

Настанот ги собра комуникациските експерти, претставници од бизнис секторот и професионалци од дигиталната индустрија, а една од главните теми беше како големите јазични модели (LLM) како ChatGPT и Gemini влијаат врз дигиталната видливост и репутацијата на брендовите.

Денес, корисниците сè почесто директно бараат препораки од AI алатки – од избор на производи и споредба на цени, до препораки за патувања и услуги. Наместо класично пребарување и отворање повеќе веб-страници, AI системите ги сумираат информациите и нудат конкретни препораки уште пред корисникот да ја посети официјалната страница на брендот.

На панел дискусијата учествуваше и Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија (АЕТСМ) и сопственик на svnadesign.com, кој се осврна на влијанието на AI врз e-commerce индустријата:

„AI не го менува само начинот на пребарување, туку целосно го трансформира патот до купување. Наместо корисникот сам да отвора десетици страници, да споредува информации и да бара на кого да му верува, AI системите сè повеќе ќе носат персонализирани препораки врз основа на релевантност, доверба, корисничко искуство и реални податоци. Тоа значи дека во новата дигитална ера, најуспешни ќе бидат брендовите што ќе изградат силна дигитална репутација, јасно присуство и доверба кај корисниците и AI системите.“

На настанот беше потенцирано дека репутацијата денес станува „машински читлива“, односно AI системите ги интерпретираат информациите за компаниите врз основа на релевантни извори, медиумски објави, ПР содржини и сигнали на доверба.

Говорниците се осврнаа и на концептот на „дигитална доверливост“ – идејата дека брендовите повеќе не треба само да бидат присутни онлајн, туку и доволно јасни, структурирани и доверливи за AI системите да можат правилно да ги препознаат и препорачаат.

Преку практични примери и анализи беа презентирани и конкретни резултати од стратегии за AI видливост, при што беше посочено дека компаниите кои навремено ќе инвестираат во своето присуство во AI екосистемите ќе имаат значајна предност во иднина – особено во моментите кога потрошувачите носат одлуки за купување.

Настанот испрати јасна порака до бизнис заедницата: во ерата на AI, прашањето повеќе не е само дали вашиот бренд е онлајн, туку дали вештачката интелигенција знае за него.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.