Се одржа #1 Afterwork сесија, 2021: “Да зборуваме за ГДПР во е-трговијата”

За подобро разбирање на новата регулатива за заштита на лични податоци – ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation), обезбедување на навремена стручна подготовка и подигање на квалитетот на примена на Законот за заштитата на личните податоци од страна на е-трговците, АЕТМ ја организираше #1 eCommerce Afterwork сесија во 2021 година, на тема: “Да зборуваме […]
Над 500 милиони е-купувачи во Европа во 2021 година

Е-трговијата во Европа треба да одбележи голема пресвртница во 2021 година, бидејќи бројот на е-купувачи веројатно ќе надмине 500 милиони. Стапката на пенетрација на е-трговијата исто така се предвидува да достигне скоро 60%. Е-трговијата во Европа станува сè попопуларна низ целиот континент и остатокот од светот. Податоците презентирани од TradingPlatforms покажуваат дека минатата година во […]
Корисничко искуство унапредено со вештачка интелигенција – како да останете конкурентни во е-трговијата?

Трошењето онлајн се зголемува и се очекува да достигне до 1 трилион американски долари до 2022 година. На малопродажниците им требаат повеќе начини да останат конкурентни во е-трговијата и да ги искористат своите инвестиции во нивната онлајн инфраструктура. Тука влегуваат во игра чет-ботови и други решенија за дигитален “ангажман”, вклучени во вештачка интелигенција кои ќе […]
67% од Европејците сакаат да добијат инспирација кога купуваат онлајн

Мнозинството потрошувачи во Европа сакаат да бидат инспирирани кога пребаруваат на е-продавници. Но, според многу купувачи, многу онлајн продавници не се толку инспиративни. И тој недостаток на инспирација е бариера за нивното користење. Всушност, само 29% од потрошувачите во Европа велат дека се инспирирани од онлајн продавниците. И тоа не е сè: 57% тврдат дека […]
АЕТМ и ДПИ ќе соработуваат за заеднички придонес во борбата со сивата економија во е-трговијата

Со цел намалување на сивата економија во е-трговијата и зајакнување на меѓусебната соработка на Асоцијацијата за е-трговија и Државниот пазарен инспекторат, претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска и в.д. директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска потпишаа меморандум за соработка. Во меморандумот се наведува дека АЕТМ и ДПИ ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе споделуваат […]
Се одржа вториот регионален eTrade for Women Masterclass за жени од Балканот

Изминатата недела се одржа вториот дводневен регионален Мастерклас за жени во е-трговија од Балканот, под насловот: „Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“, во виртуелен формат. На Мастеркласот присуствуваа повеќе од 90 жени – дигитални претприемачи од Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија. За време на […]
Како да креирате стратегија за објавување содржина на LinkedIn

Солидна стратегија за објавување содржина на LinkedIn може да ви помогне да се поврзете со потенцијални кандидати за вработување, инвеститори и лидери во вашата индустрија. Можностите се неограничени; клучот за успехот лежи во добро развиена стратегија за објавување на содржина! Later.com споделуваат како да креирате ефективна стратегија за содржина на LinkedIn, заедно со седум испробани […]
Амазон ги “релаксира” плановите за враќање на работа на вработените

Клучни поенти: Амазон им дава на своите вработени поголема флексибилност да работат надвор од своите канцеларии, соопшти компанијата во четвртокот, во значителен пресврт од претходните упатства за враќање на работа. Во интерен извештај испратен до вработените, Амазон рече дека очекува вработените да работат во канцеларија три дена во неделата, оставајќи им можност да работат […]
Јуни: настани за е-трговија во Европа

Јуни е и полека, Европа се повеќе се вакцинира. Засега, физичките посети на настани за е-трговија се значително намалени, но има неколку интересни што можете да ги посетите онлајн. Овие настани се достапни овој месец: 16-17 јуни: Digital 1to1 Summer Digital 1to1 Summer е летно издание на настаните Digital 1to1 што се случуваат секоја година […]
5 причини зошто содржината генерирана од корисниците е навистина важна за е-трговијата

Вистински луѓе со вистинско искуство. Тоа се оние луѓе од кои сите сакаме да слушнеме кога одлучуваме дали да ги внесеме или не информациите за нашата кредитна картичка на некоја е-продавница за да купиме нов производ или услуга. Еден бизнис може постојано да размислува и зборува за тоа колку смета дека неговата иновација е одлична, […]
[Студија на случај] Зошто Trustmark беџовите се важни за е-трговијата?

Како дел од нивната анализа на веб-сајтови за е-трговија, дигиталната маркетинг агенција Inflow повеќе од една деценија постојано тестира различни Trustmark badges од неколку компании. Двата беџови кои се претставија најдобро на нивните тестови во 2018 година биле Norton и McAfee. Во овој пост, тие откриваат бренд што влијаел на постигнување повеќе конверзии од Norton […]
АЕТМ и UNCTAD го организираат вториот регионален eTrade for Women Masterclass

По првиот успешен регионален Masterclass во 2019 година, претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска која воедно е и жена-амбасадор за е-трговија на UNCTAD, заедно со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и UNCTAD го организира вториот регионален Masterclass за е-трговија за жени од Балканот кој ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули 2021, овој пат во виртуелен […]
Дали WhatsApp е следниот голем канал за е-трговија?

Ако мислите дека WhatsApp е исклучиво за секојдневни разговори со пријатели, размислете повторно. WhatsApp за бизнис има сериозна привлечност – над 175 милиони луѓе испраќаат порака на некој WhatsApp Business секој ден. За време на годишната F8 Refresh конференција на Facebook, шефот на бизнис производите на WhatsApp, Аџит Варма, сподели како платформата се развива како […]
Instagram воведува нов feature: аналитика за Reels & Live

Instagram развива нов и подобар увид за аналитика за Instagram Reels и Instagram Live. Во нивното соопштение, Instagram изјави дека оваа голема надградба ќе обезбеди „креаторите и бизнисите да разберат како се одвива објавата на нивната содржина“. Како дел од новиот update, Instagram сега ќе прикажува детална анализа за Reels и Live: Аналитика за Instagram […]
[Интервју] Наташа Костиќ Милошевски, Endava: Пандемијата дефинитивно влијаеше на ‘освестување’ на компаниите дека дигитализацијата е задолжителен процес за секој бизнис

Софтверската компанија Endava го поддржа виртуелниот хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ и како сребрен партнер,како и со присуство на тројца ментори од нивната компанија кои ги насочуваа студентите кон успешни концепти за нивните иновативни решенија. По завршување на хакатонот, разговараме со Наташа Костиќ Милошевски, Senior Business Analyst во Ендава за ‘освестување’ на компаниите […]
[Интервју] Петар Наумовски, granapdoma.mk: Грижата за корисниците, прекрасната комуникација и излегување во пресрет на нивните барања се најважни за тимот на Гранап

За важноста на грижата за корисниците, за работната подготовка на онлајн супермаркетот за време на полниот ек на глобалната пандемија, како и за подобрување на перформансите и организирање за новите предизвици зборуваме со Петар Наумовски од granapdoma.mk. АЕТМ: granapdoma.mk минатата година се придружи на понудата на онлајн супермаркети на македонскиот пазар; што ве натера да […]
Цената на доставата е најважен фактор при онлајн купување

Во поголем дел од Европа, трошоците за испорака се најважниот фактор за онлајн купувачите кои избираат од која e-продавница ќе купуваат. Ова не мора да значи дека е-купувачите не се подготвени да плаќаат за испорака, но подготвеноста се разликува по земја. Заедно со истражувачката агенција YouGov, Seven Senders анкетираа 8.602 онлајн купувачи во Германија, Франција, […]
АЕТМ потпиша меморандум за соработка со Агенција за заштита на лични податоци

Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата во усогласување на нивното работење со законските регулативи, денеска претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска и Директорот на Агенција за заштита на личните податоци, Имер Алиу потпишаа меморандум за соработка. Со потпишување на меморандумот двете страни […]
[Интервју] Сашка Николовска, БЕ-ДА Експрес: Технологијата веќе одамна го држи ритамот и го диригира растот на еден бизнис – задолжително е за секој да биде во чекор со дигитализацијата

Во интервјуто со менаџерот на БЕ-ДА Експрес, Сашка Николовска, разговараме за суштинското значење на логистичките компании во синџирот на е-трговијата, активното дигитализирање на работните процеси, како и за соработката на курирската компанија со клиентите-соработници од сферата на е-трговијата. АЕТМ: Неизбежно е да се забележи дека постојано расте интензитетот на понудата за компании за логистика во […]
Одбрани победниците на хакатонот за изнаоѓање решенија за намалување на сивата економија во е-трговија

Изминатиот викенд за одржа првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, во организација на АЕТМ. Десет тимови составени од студенти од Економскиот факултет, Скопје и ФИНКИ работеа на креативни решенија одговарајќи на еден од двата поставени предизвици „Едуцирај и мотивирај” и „Детектирај и сузбиј”. По 48 часовна работа на тимовите кои беа […]
[Интервју] Емилија Илиева, А1 Македонија: Како дигитален партнер на хакатонот ја поддржуваме потребата за креирање на посигурно дигитално општество и намалување на сивата економија во е-трговијата

Разговараме со Емилија Илиева од А1 Македонија кој е дигитален партнер на виртуелниот хакатон на тема „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ за потребата од развивање решенија и механизми за креирање на посигурно дигитално општество, намалување на сивата економија во е-трговијата, како и вложувањето во едукација на сите возрасни групи за придобивките од користењето на […]
Започна првиот виртуелен хакатон “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” во организација на АЕТМ

Вчера, со почеток во 17 часот започна дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, под наслов “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”, на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. Овој хакатон е организиран од АЕТМ, односно невладиниот сектор, со поддршка […]
[Интервју] Душица Лазарова – Бизнис и Проект Менаџер @ HASELT: Колку порано студентите се вклучуваат во општествениот живот и ја градат својата кариера, толку побрзо ќе гледаме општествени промени и иновации околу нас

Софтверската компанија HASELT е дел од виртуелниот хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ како сребрен партнер. Заедно со Душица Лазарова – Бизнис и Проект Менаџер во HASELT зборуваме за тоа колку е важно активното учество на младите со цел оформување на едно напредно општество, свесноста и желбата на компаниите да пристапат кон дигитализација и […]
[Интервју] Филомена Пљаковска-Аспровска, главен извршен директор @ Касис АД Скопје: Младите се двигател во сите општествени сфери, треба да им се обезбедат услови и предизвици за да останат и да создаваат за сопствената земја

Дел од виртуелниот хакатон посветен на намалување на сивата економија во е-трговија како златен партнер е и КаСис АД Скопје – првиот и единствен платежен процесор во нашата земја. Со главниот извршен директор на КаСис – Филомена Пљаковска-Аспровска, разговараме за потребата од континуирана едукација кај трговците за бенефитите кои произлегуват од е-трговијата, зголемување на свесноста […]
[Интервју] м-р Марко Ѓоргиевски, Директор @ НАЕОПМ: Важно е студентите да се вклучени во развојот на стратегии и спроведување на политиките кои носат намалување на сивата економија

Во периодот од 14.05 – 16.05.2021 Асоцијацијата за е-трговија на Македонија организира виртуелен хакатон насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“, во соработка со Економски Факултет – Скопје и ФИНКИ. Дел од поддржувачите и партнерите на овој хакатон е и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Со директорот на НА, м-р Марко Ѓоргиевски […]
Последен ден за пријавување на хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговија

Неодамна објавивме дека го организираме првиот 48 часовен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” кој ќе се одржи онлајн, од петок, 14 мај до недела, 16 мај. Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две […]
Grouper стана дел од полската групација Asseco (ASEE)

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk. Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции, оствари уште една стратешка инвестиција во е-трговијата, преку аквизиција на онлајн платформата Grouper, со седиште во Скопје. […]
UNCTAD повторно ја избра претседателката на АЕТМ – Нина Ангеловска за женa-амбасадор за е-трговија

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. Неделава УНКТАД ја одржа неделната програма за прогласување на новата група избрани жени-амбасадори за е-трговија (еTrade for […]
Повеќе податоци за дигиталните платежни услуги со измените на одлуката на Народната банка

Советот на Народната банка на редовна седница ги усвои измените на Одлуката за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет, преку која Народната банка ќе го прошири сетот податоци од доменот на платежната статистика кои ќе се прибираат во иднина. Народната банка и досега прибираше сет на податоци кои беа усогласени со […]
ТОП 10 земји од кои најмногу се прават онлајн трансакции кон домашните е-трговци

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година. Во текот на 2020 година странците кон […]