Visa го носи Apple Pay во Македонија

News from e-commerce

Apple Pay пристигна во Македонија: Компанијата Visa овозможи нова ера на дигитално плаќање

Македонските корисници конечно можат да уживаат во едно од најбараните финтек решенија – Apple Pay. Благодарение на компанијата Visa, глобалниот лидер во платежни технологии, и воедно премиум член на Асоцијацијата за е-трговија, оваа услуга е достапна и кај нас, нудејќи побрз, побезбеден и поинтуитивен начин на плаќање преку iPhone, Apple Watch, iPad и Mac.

Со Apple Pay, плаќањето станува едноставно – доволно е да го приближите вашиот уред до бесконтактен POS терминал и трансакцијата е завршена. Без потреба од допирање копчиња, вадење паричник или внесување податоци. И најважно од сè – секој плаќање е заштитено преку Face ID, Touch ID или лозинка, како и со единствен динамичен безбедносен код што важи само еднаш.

Visa го носи Apple Pay во Македонија

Високо ниво на безбедност и приватност

Во основата на Apple Pay се безбедноста и приватноста. Кога ќе ја додадете вашата Visa картичка, вистинскиот број никогаш не се чува на уредот ниту на серверите на Apple. Наместо тоа, системот генерира посебен Device Account Number, кој е енкриптиран и се чува во Secure Element – специјализиран безбедносен чип кој ги штити вашите податоци.

„Лансирањето на Apple Pay во Македонија е голем чекор напред за побрзи, побезбедни и полесни секојдневни плаќања. Ова е дел од нашата мисија – да овозможиме паметни, сигурни и беспрекорни искуства за плаќање на луѓето низ целиот свет. Како што сè повеќе луѓе во Македонија се префрлаат на дигитални плаќања — картичните и безготовинските трансакции пораснаа за над 15% во 2024 година — јасно е дека начинот на којшто плаќаме се менува. И ние сме тука да ја поддржиме таа промена. Со Apple Pay, плаќањето станува едноставно како еден допир. Брзо е, приватно и сигурно – директно од вашиот телефон. Без разлика дали купувате кафе или плаќате за такси, вашиот паричник отсега секогаш е со вас, – изјави Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

Како да го активирате Apple Pay?

Поставувањето е едноставно: На вашиот iPhone уред, само отворете ја апликацијата Wallet, притиснете на „+“ и следете ги чекорите за додавање на Visa картичката. Штом е додадена, може веднаш да се користи и на други Apple уреди – Apple Watch, iPad и Mac.

Што значи ова за потрошувачите?

Apple Pay веќе се прифаќа на многу локации низ Македонија: супермаркети, аптеки, ресторани, кафулиња, продавници, таксија и многу други. Но, неговата моќ не застанува тука – корисниците можат да плаќаат и на веб и во мобилни апликации, без потреба од креирање на сметки или внесување на податоци при секоја нарачка. Совршено решение за купување облека, храна, паркирање или билети – се’ со еден допир.

Apple Pay не е само технолошки напредок – тоа е промена во начинот на којшто ги доживуваме секојдневните финансиски трансакции.

Related content