News from e-commerce

Агендата за 8. Регионална конференција за е-трговија открива нов концепт со две сцени

За помалку од еден месец, на 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија. Оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници.

Конференцијата по четврти пат ги отвора вратите за регионалната публика и очекува да собере над 800 учесници – успешни претприемачи, е-трговци, директори, менаџери, како и претставници од владини и невладини организации. Ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска, што ја прави конференцијата најголем и најзначаен регионален настан од ваков вид.

Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион.

Агендата е објавена и оваа година вклучува инспиративни презентации, панел дискусии и практични сесии кои ќе ја доближат иднината на е-трговијата и ќе понудат конкретни алатки за раст на бизнисите.

Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година.

По нејзиното излагање, на главната сцена следуваат презентации и панел дискусии од претставници на светски познати компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Visa, Booking, Publicis Groupe, Brainster Next, Korpa, Bigburg, Direct media, Wolt и многу други. Тие ќе споделат искуства и експертиза во области како што се вештачка интелигенција, анализа на податоци, SEO, маркетинг стратегии, достава, експанзија на бизниси, плаќања и е-трговија.

На паралелните практични сесии, учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за користење маркетинг податоци за раст, нови можности за инвестирање, креирање кратки видеа, како и практични алатки за примена на вештачка интелигенција, со експерти од Publicis Groupe, AI at Work by Brainster, Zephyr Angels и Shortsify.co.

Овогодинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер и A1 како дигитален партнер. Ananas и Casys се златни партнери, а сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

И оваа година, се очекува конференцијата да биде целосно распродадена, потврдувајќи го големиот интерес и значењето на настанот за развојот на е-трговијата во регионот.

Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.