News from e-commerce

АЕТМ потпиша меморандум за соработка со Македонската берза

АЕТМ денес потпиша Меморандум за соработка со Македонската берза.

Потпишувањето на овој Меморандум произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на овој Меморандум е отпочнување на поблиска соработка помеѓу АЕТМ и Берзата во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување и поефикасно финансирање на претприемачите, односно унапредување на пазарот на е-трговија во Република Северна Македонија.

„Има многу млади претприемачи и старт-ап компании во нашата земја кои имаат одлични идеи и голем потенцијал за раст развој на нивниот бизнис. COVID-19 отвори уште повеќе можности за прогресивните претприемачи, но и предизвици за брза адаптација и егзекузија, бидејќи идеите без имплементација ќе останат само идеи. Расте и потребата за развој и промоција на нови начини на финансирање за домашните компании, а соработката со Македонска берза верувам дека ќе биде обид да им се даде можност на ваквите компании кои имаат потенцијал да остварат брза експанзија и успех.” вели Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Д-р Нина Ангеловска.

„Стратешка определба на Берзата е да врши континуирана промоција и едукација за можностите и предностите на пазарното финансирање на деловните субјекти, без разлика на нивната моментална организациона форма и животна фаза. Претприемачите и страт-апите кои се членки на АТЕМ секако припаѓаат на иновативниот дел на македонската економија и како такви најверојатно можат да приберат финансиски средства од определени инвеститори, пред се преку шемите на колективно финансирање” вели Главниот извршен директор на Македонска Берза, г-дин Иван Штериев.

Првата заедничка активност е веќе закажана за понеделник, 14.12.2020 година, кога ќе се одржи онлајн настан, на кој Берзата ќе ја презентира глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam, за која таа е екслузивен застапник во нашата држава. Настанот ќе биде отворен за сите членови на АТЕМ и на истиот ќе може да се информираат за сите детали околу оваа платформа како извор на финансирање за нивните постојни и идни проекти и бизнис иницијативи. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.