29–30 септември 2026 | Face Convention Center & Romexpo Exhibition Center | Букурешт

Оваа година, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) за првпат е партнер на Impact SEE, регионалната конференција која ги поврзува лидерите од бизнисот, технологијата, институциите и академската заедница од Југоисточна Европа.
Дополнително, ни претставува особено задоволство што претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, ќе биде дел од агендата на овогодишното издание на конференцијата, придонесувајќи со своето искуство и перспектива за развојот на дигиталната економија и е-трговијата во регионот.
Повеќе од една деценија, Impact ги поврзува и инспирира лидерите од бизнис-секторот, јавниот сектор, академската заедница и технолошката индустрија, создавајќи платформа за споделување знаење и искуства, како и за воспоставување меѓународни партнерства. Во 2026 година, настанот се одржува под новото име Impact SEE, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како водечка платформа за дијалог и соработка во Југоисточна Европа.
По третпат, Impact SEE во Букурешт ќе ги собере бизнис-лидерите, креаторите на политики, академиците, основачите на стартапи и инвеститорите за да разговараат за најзначајните предизвици и новите можности во регионот.

Програмата ќе опфати дебати и дискусии на теми како што се вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, дигиталната трансформација, зелената економија, финансиите, стартапите, маркетингот и лидерството.
На настанот ќе учествуваат:
- повеќе од 200 говорници од целиот свет;
- над 300 водечки компании од регионот;
- околу 2.000 учесници од Романија, Југоисточна Европа и од целиот континент;
- бизнис-лидери, претставници на институции, инвеститори, претприемачи, академици и членови на стартап-заедницата;

Главен говорник на овогодишното издание ќе биде Рајан Рејнолдс, актер, претприемач и инвеститор, кој ќе ги сподели своите искуства и ставови за лидерството, креативноста и градењето глобални брендови.
Како партнери на Impact SEE 2026, за нашата заедница обезбедивме 20% попуст на влезниците. При регистрација, искористете го промотивниот код E-commerce_ImpactSEE’26 и бидете дел од конференцијата во Букурешт.