News from e-commerce

Најавено 9-то издание на E-commerce Conference во Скопје под мотото „From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!“

Вештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија.

Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од бавни, мануелни процеси и неизвесност, кон паметни системи поддржани од вештачка интелигенција кои носат побрзи одлуки, подобра персонализација, автоматизација и поголема ефикасност. Концептот “From Wait to Go” симболично ја претставува промената што веќе се случува. Светлото е веќе зелено, а индустријата влегува во нова ера – ера на интелигентна е-трговија, автоматизација и раст со брзина на вештачка интелигенција.

Интересот за овогодинешното издание е рекорден уште од самиот старт. Првите 100 билети по Ultra Early Bird цена беа распродадени во рекордно времее, а организаторите очекуваат ова да биде најголемото и најпосетено издание досега.

Во текот на изминатите години, конференцијата прерасна во еден од најрелевантните регионални настани за е-трговија, кој обединува повеќе од 900 учесници од над 10 земји, вклучувајќи е-трговци, маркетинг експерти, payment провајдери, платформи, fintech компании, банки и логистички компании.

Досега, на сцената на конференцијата говореле бројни говорници и експерти од компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber, Dolce & Gabbana, како и некои од најпознатите регионални лидери и професионалци од е-трговијата.

Покрај главната сцена, и оваа година ќе биде организирана паралелна сцена со практични и hands-on работилници на најразлични теми кои ќе придонесат за раст на бизнисите. Работилниците ќе бидат фокусирани на конкретни алатки, стратегии, AI решенија, маркетинг, продажба, аналитика и оптимизација на online продажба, со цел учесниците да добијат применливо знаење и практични вештини што ќе можат веднаш да ги имплементираат во своето работење.

И оваа година, конференцијата ќе ги обедини сите клучни чинители од e-commerce екосистемот – е-трговци, банки, финтек компании, поштенски и логистички оператори, телекомуникациски компании, ИТ компании, маркетинг експерти, инвеститори и друго. Преку актуелни теми, практични искуства и светски трендови, учесниците ќе добијат нови знаења, инспирација и можност за квалитетен нетворкинг што отвора нови соработки и бизнис можности.Повеќе информации за конференцијата се достапни на следниот линк: https://ecommerceconference.mk/

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.