
Вчера се одржа свечената церемонија во рамки на изборот на најдобрите е-трговци во Македонија “E-commerce Awards 2025”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија.
“E-commerce Awards” претставува значајна иницијатива за е-трговијата, која преку транспарентен и структуриран процес ги препознава насјуспешните за изминатата година, ги наградува за напорите и посветеноста и придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквите избори имаат важна улога во развојот на секторот, поттикнувајќи здрав натпревар и континуирано унапредување на услугите и корисничкото искуство.
Овогодишното издание бележеше над 36.000 гласови дадени од повеќе од 4.200 гласачи. Граѓаните имаа можност да гласаат за своите омилени е-продавници, при што гласањето од јавноста учествуваше со 60% во конечниот резултат, а 40% од оценувањето на стручна жири-комисија во финалната фаза. Единствено во категоријата „Најпопуларна е-продавница“, победникот се избра само врз основа на гласовите од јавноста.
Во овогодишниот избор беа номинирани 217 е-трговци, кои се натпреваруваа во 18 категории, а во рамки на свечената церемонија на E-commerce Awards 2025 беа доделени вкупно 38 награди. Со овие признанија се наградуваат најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни аспекти на онлајн продавањето.
Во продолжение се претставени победниците по категории:
Најдобри е-продавници по сектори:
- Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци
- Прво место: fashiongroup.com.mk
- Второ место: mytime.mk
- Трето место: sport-m.com.mk
- Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
- Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mk
- Е-продавница за здравје, нега и убавина
- Прво место: zegin.com.mk
- Второ место: coslovemetics.mk
- Трето место: fashiongroup.com.mk
- Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: akcija24.mk
- Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: svetotnabibi.mk
- Е-продавница за услуги
- Прво место: telekom.mk
- Второ место: a1.mk
- Трето место: kariera.mk
- Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
- Маркетплејс и мулти е-продавница
Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:
- Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање
- Прво место: telekom.mk
- Второ место: evnonline.mk
- Трето место: korpa.mk
- Е-трговец со најдобра достава
- Прво место: ananas.mk
- Второ место: zegin.com.mk
- Трето место: korpa.mk
- Е-трговец со најдобра грижа за корисници
- Прво место: coslovemetics.mk
- Второ место: a1.mk
- Трето место: frida.mk
- Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми
- Прво место: ananas.mk
- Второ место: coslovemetics.mk
- Трето место: svetotnabibi.mk
- Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
- Мобилна апликација за е-трговија на годината: wolt.com
ШАМПИОНИ ВО Е-ТРГОВИЈА
- Најпопуларна е-продавницa
- Прво место: coslovemetics.mk
- Второ место: telekom.mk
- Трето место: ananas.mk
- Најдобра новоотворена е-продавница: wolt.com
- Е-трговец на годината
- Прво место: coslovemetics.mk
- Второ место: ananas.mk
- Трето место: telekom.mk
Покрај овие награди, беа доделени и три специјални признанија:
- Признание за меѓународна експанзија во е-трговија: FitKit
- Признание за најдобра промоција на Беџот за верификуван е-трговец: zegin.com.mk
- Признание за најдобра е-продавница основана и управувана од жена: zia.mk
На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како симбол на нивните достигнувања во е-трговијата, како и дигитални беџови кои можат да ги истакнат на своите е-продавници, со што дополнително се зајакнува довербата кај купувачите.
Ова издание на E-commerce Awards се реализираше со поддршка на Prime партнерот Diners Club, Growth партнерите Halkbank, Eurolink, Halk Insurance, Eco Logistic Service, Eco Fulfilment Center и Credissimo, гала партнерите Porsche Македонија и Park by Ragusa и винскиот партнер Imako вино.
Сите победници на овогодинешните E-commerce Awards може да се погледнат на официјалната веб страница на изборот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/.