News from e-commerce

Јавен повик за 5 бесплатни Беџови за верификуван е-трговец овозможени од АЕТСМ и ИУТЕ Македонија

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата „Верификувани сега, доверливи секогаш“, која се реализира со поддршка на ИУТЕ Македонија.

Овој јавен повик ќе овозможи 5 микро, мали или средни е-продавници да добијат целосно бесплатна верификација и да ја истакнат својата доверливост пред купувачите. Сите избрани компании ќе добијат и Беџ за верификуван е-трговец, кој ќе можат да го постават на своите веб-страници како јасна ознака за сигурност и транспарентност. Со тоа, тие ќе се приклучат на заедницата од над 80 верификувани е-продавници во земјата. Дополнително, сите селектирани продавници ќе можат да учествуваат и на еднодневниот едукативен настан E-badge Day, кој ќе се одржи во декември. Настанот обработува важни и актуелни теми за развој и унапредување на е-трговијата, во согласност со потребите на е-продавниците.

Беџот за верификуван е-трговец е видлива ознака која покажува дека станува збор за регистриран правен субјект, е-продавницата е проверена од АЕТСМ според важечките регулативи и е дел од официјалниот Регистар на е-трговци. Овој симбол им помага на купувачите полесно да препознаат сигурни и проверени е-продавници, а компаниите добиваат можност да се издвојат од нелојалната конкуренција и нерегистрираните продавачи.

“Онлајн купувањето станува дел од секојдневието на граѓаните, и поради тоа исклучително е важно потрошувачите да можат брзо и лесно да препознаат на кои е-продавници можат да им веруваат. Токму затоа го развивме Беџот за верификуван е-трговец што претставува симбол дека продавницата е проверена, регистрирана и работи транспарентно. Оваа иницијатива за бесплатно верификување на е-трговците, не е само поддршка за компаниите, туку и чекор кон создавање побезбедна е-трговија во земјата. Колку повеќе едуцираме, информираме и градиме доверба, толку помал простор останува за нелојални практики и за сивата економија. Целта е едноставна – купувачите да се чувствуваат сигурно, а бизнисите што работат чесно да бидат јасно препознаени.“ – изјави Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.

Погодни за апликација се сите микро, мали и средни компании кои моментално продаваат онлајн и имаат овозможено плаќање на рати преку IUTE Македонија. 

„Во Иуте веруваме дека довербата и безбедноста се темелот на успешната е-трговија. Онлајн купувањето станува дел од секојдневието, а Иуте преку “Купи сега, плати подоцна” (Buy Now, Pay Later) – моделот кој пионерски го воведе на пазарот, им овозможува на потрошувачите едноставно, флексибилно, брзо и безбедно искуство, со пораст од 40% во онлајн исплатите само минатата година. Токму затоа го поддржуваме отворениот повик за бесплатни верификации на онлајн продавници, како уште еден чекор кон зрела и транспарентна дигитална економија. Со модерни технологии, автоматски процеси и партнерска соработка, ја градиме иднината во која секој купувач добива сигурно, комфорно и едноставно онлајн искуство.“ – изјави Даниел Јанчевски, раководител на партнерска мрежа во Иуте Македонија.

Аплицирањето е едноставно и целосно онлајн преку следниот линк: https://forms.gle/33M3snBvKicmRkX98

Рокот за аплицирање е до среда, 03.12.2025 година, до 23:59 часот. По завршувањето на рокот, комисија од експерти ќе ги оценува апликациите според однапред утврдени критериуми и ќе избере 5 учесници за бесплатна верификација. Повеќе информации за јавниот повик и критериумите за аплицирање се достапни овде.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.