News from e-commerce

Од каде и колку се купува онлајн со странски платежни картички од македонските е-трговци?

АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, според кои, странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21.76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618,932 трансакции или просечно потрошиле 35.2 евра по трансакција. Направената анализа за движењето на бројот и вредноста на направените оналјн трансакции од странци кон домашни е-трговци од 2016 година до 2022 година покажува дека има значаен пораст. Ако во 2016 година странците потрошиле онлајн кон македонските е-трговци само 2 милиони евра во 32.9 илјади трансакции, во 2022 вредноста е зголемена за над 10 пати, додека бројот на трансакциите за скоро 19 пати. Што се однесува до учеството на странците во вкупно остварената вредност на онлајн трансакциите и кон дома и кон странство од домашни и странски платежни картички тоа се зголемува од 2.2% во 2016 на скоро 4% во 2022 година.

Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци 49% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. 3.6 милиони евра или 17% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.2 милиони евра или 10% од Обединетото кралство и 1.7 милиони евра или 8% од Швајцарија. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 4%, Бугарија и Турција 3%, и Шведска и Косово 2% од вредноста на онлајн трансакциите.

Понатамошната анализа на бројот и вредноста на направените трансакции од странство кон македонските е-трговци е направена подетално за земјите кои остваруваат 49% од вкупно направената вредност. Во табелата дадени се бројот, вредноста, просечната вредност по трансакција и остварениот пораст во 2022 година во однос на претходната на овие 8 земји и остатокот од светот. Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2022 година во однсо на претходната година е остварен од Швајцарија, додека највисока просечна трансакција е направена од Косово.

„Е-трговијата овозможува купување на производи и услуги од било кој крај на светот. Од анализата се гледа дека најмногу онлајн трансакции направени од странски иматели на платежни картички како по број така и по вредност се направени од земји каде што има македонски иселеници или од соседните земји. Тоа нѐ упатува на претпоставка која е основа за понатамошно истражување дека нашите иселеници се повеќе го користат овој канал за купување на производи и услуги на своите блиски од македонските е-продавници. Очекувањата се и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од странство односно најмногу од Македонци иматели на странски платежни картички кон македонски е-трговци. Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија.” – вели преседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Д-р Нина Ангеловска.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.