News from e-commerce

63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година

Aнализирајаќи ги најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година*, забележуваме пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени. 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5% во истиот период минатата година.

Што се купувало најмногу онлајн?

Македонците како и во минатите години, најмногу купувале облека (вклучително и спортска облека), чевли или додатоци (на пр. чанти, накит). Она што е позитивно и се забележува е порастот на онлајн нарачките кај повеќе категории и тоа:

* Референтен период – генерално е првото тримесечје од годината, односно периодот од 3 месеци кој претходи на анкетата. Податоците за е-трговија се однесуваат на последните 12 месеци – период од 12 месеци кој претходи на анкетата.

Колку од Македонците користеле интернет во 2024?

90.2% од домаќинствата имале интернет пристап наспроти 88% во истиот период минатата година, додека 91.2% од Македонците на возраст од 15-74 години користеле интернет наспроти 85.3% во истиот период минатата година (Државен завод за статистика, 2024). При тоа, 92.2% од мажите користеле интернет наспроти 90.2% од жените во истиот период. 76.4% од Македонците користеле интернет неколку пати во текот на денот, и тоа 78.3% од мажите и 74.6% од жените.

За што се користел најмногу интернетот во 2024?

Македонците интернетот најмногу го користат за зборување, социјални мрежи и праќање инстант пораки. Дури 94.6% од нив го користат интернетот за телефонирање преку интернет/видеo повици (преку webcam; употреба на апликации, на пример, Skype, Facetime) наспроти 89.2% минатата година. 87.6% од Македонците користеле инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Messenger, WhatsApp, Viber наспроти 75.2% минатата година. Учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или друго на Фејсбук, Инстаграм, Твитер/X итн.) имале 84.2% од интернет корисниците спрема 76.9% минатата година. Забележано е и зголемување на користењето на интернетот за скоро сите активности. Намалување на користењето на интернетот има за информации поврзани со здравјето (повреда, болести, исхрана, подобрување на здравјето итн.), кое е намалено на 55.5% од интернет корисниците во 2024 година, споредено со од 67.7% минатата година. Од друга страна пак, 53.2% од интернет корисниците праќале/примале електронска пошта (e-mail) наспроти 44% од интернет корисниците минатата година, 72.5% барале информации за производи/услуги наспроти 54.2% минатата година, а особено значајно е дека 13.7% од интернет корисниците учествувале во продажба на производи или услуги, преку аукции како што е на пр. eBay наспроти само 6.8% кои учествувале минатата година. Дополнително, забележано е зголемување користењето на интернет банкарство од 40% од Македонците, наспроти 32.8% минатата година.

Во однос на полот, жените повеќе сакаат да зборуваат и да праќаат инстант пораки, но и да бараат информации за производи и услуги поврзани со здравјето, додека мажите повеќе ги користат социјални мрежи, повеќе продаваат производи или услуги онлајн, на пр., преку аукции: eBay и повеќе практикуваат интернет банкарство.

„Најновите податоци на Државниот завод за статистика ни покажуваат дека Македонците се повеќе го користат интернетот, но она што е важно дека е зголемено користењето на интернетот за праќање на е-пошта, за барање информациии за производи и услуги, и најважно, за онлајн продавање на производи и за интернет банкарство. Она што најмногу нѐ интересира е онлајн купувањето кое забележува пораст од 10 процентни поена, како и зголеменото купување на повеќе категории на производи. Зголемената понуда на атрактивни промоции и појавата на нови играчи на пазарот го раздвижува онлајн пазарот и се повеќе интернет корисници го користат интернетот за онлајн купување.“ – истакна Претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.