Петтата генерација на безжични мрежи или 5G е најновата итерација на мобилната технологија, дизајнирана за значително зголемување на брзината и реагирање на безжичните мрежи. Со 5G, податоците што се пренесуваат преку безжични широкопојасни конекции би можеле да патуваат со брзина од 20 Gb / s – надминувајќи ги жичаните мрежни брзини. 5G, исто така, ќе овозможи значително зголемување на количината на податоци што се пренесуваат преку безжични системи. Покрај подобрувањата во брзината, капацитетот и латенцијата, 5G нуди функции за управување со мрежата. Оваа способност ќе им овозможи на безжичните мрежни врски да поддржуваат специфични намени или деловни случаи. 5G мрежите и услугите ќе бидат распоредени во фази во текот на следните неколку години за да има приспособување на зголемената употреба на мобилни уреди и уреди кои поддржуваат интернет. Се очекува 5G да предизвика нови апликации и индивидуални и деловни употреби, со текот нa времето. Статиста предвидува дека ова ќе го промени маркетот за мобилни телефони, односно ќе предизвика зголемена продажба.
Операторите за безжични мрежи во САД, Јапонија, Јужна Кореја и Кина во голема мерка се предводници на првите 5G дизајни. Според Business Research Inc., се очекува за развој и капитални инвестиции за 5G до 2030 година да се потрошат речиси милијарда долари. Во новата 5G безжична мрежа речиси сите стандарди се исполнети, па се очекува првите мобилни телефони што се компатабилни со 5G да бидат достапни комерцијално во 2019 година, а широката употреба на 5G се предвидува дека ќе биде помеѓу 2020 и 2025 година (според проекциите на Technology Business Research).
Мрежните оператори развиваат два вида на 5G услуги. 5G фиксните безжични широкопојасни услуги обезбедуваат интернет пристап до домови и бизниси без жична врска со просториите и фиксните широкопојасни услуги преку безжични модеми лоцирани во домовите или канцелариите на корисниците.
Извор: searchnetworking.techtarget.com