News from e-commerce

„Бизнис раст со е-трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а веќе од оваа недела се пуштени во продажба 50 карти по специјална „Super Early Bird“ цена од 59 евра, кои ќе се продаваат до 30.07. или до потрошување на залихите.

И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде мноштво на истакнати меѓународни и домашни говорници преку предавања, панел дискусии и „fireside chats“, односно неформални разговори, ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата.

Темата на овогодинешната конференција е ‘Бизнис раст со е-трговија’. Водени од потребите, предизвиците и преференциите на учесниците на пазарот на е-трговија, оваа година конференцијата ќе го стави растот на бизнисот во фокус, кој може да се забрза со правилно водење на е-трговијата, како значаен канал за продажба. Главниот акцент ќе биде ставен на е-купувачот и на модерните маркетинг алатки. Е-трговијата може навистина да биде двигател на растот на бизнисот и да ги задоволи и надмине очекувањата на менаџерите, но единствено со нејзино правилно менаџирање“, изјавува организаторот на конференцијата, Нина Ангеловска, ко-основач и главен извршен директор на Grouper.mk и претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Имајќи го ова на ум и во насока на надминување на очекувањата на учесниците, конференцијата најавува висококвалитетна програма, која ќе вклучува домашни и меѓународни говорници со огромно искуство во нивните области. Агендата ќе се состои од воведни презентации, панел дискусии и неформални разговори со експерти.

Од Асоцијација за е-трговија на Македонија објаснуваат дека темата е всушност поттикната од потребата за меѓусекторска соработка и обемни знаења од повеќе области, особено кај македонските компании кои понекогаш ги преценуваат очекувањата за нивната е-продавница. Оттука, на конференцијата посетителите ќе имаат прилика да ги слушнат актуелните маркетинг алатки за позиционирање на нивната е-продавница, како и теми врзани со SEO (оптимизација на алатките за пребарување), креирање атрактивна содржина, генерирање на лидови, одлично корисничко искуство и многу други алатки кои влијаат на зголемување на продажбата.

Инаку, минатата година конференцијата ги пресретна и надмина очекувањата на 85% од учесниците. Беа присутни околу 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од 8 земји.

Повеќе детали поврзани со настанот следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: https://ecommerceconference.mk/

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.