News from e-commerce

Како да се заштитите од измами при онлајн купување?

Во изминатиов период, се почесто граѓаните се мета на internet fraud или интернет грабеж, најчесто поради оставање на своите лични податоци на непроверени сајтови кои се рекламираат како интернет продавници. Како да се заштитите од вакви случаеви и што може да направите доколку ви се случила интернет кражба?

Секогаш проверувајте го URL-то на сајтот од кој купувате. Доколку е невообичаено, на https://whois.net/ може да проверите дали се регистрирани, кој ја хостира страна, кое лице или фирма ја хостира страната, телефонски број и дата на креирање. Ова ќе ви помогне да се заштитите од лажни е-продавници. Најдобро е секогаш да користите веб страни кои во своето URL содржат https://.

Проверете ги контакт податоците. Доколку на сајтот не се наведени контакт податоци или други податоци за компанијата, но и доколку се наведени меѓутоа ви изгледаа невообичаено, подобро да не ризикувате.

Не купувајте онлајн преку отворено или небезбедно Wifi. Ако испратите лични податоци и информации поврзани со вашата сметка преку небезбедна интернет мрежа, возможно е истите да бидат видливи и достапни за други луѓе, а тоа ќе ве направи подлежни на онлајн измама.

Проверете го начинот на плаќање. Доколку се бара телефонска или смс потврда од ваша страна за направена онлајн трансакција или информации за вашата сметка, проверете ја веродостојноста на е-продавницата. Ако продавачот има опција само за онлајн плаќање, осигурајте се дека сајтот е безбеден. Најчесто пред URL-то на сајтот пишува „secure“ за безбедни сајтови.

Проверете го начинот на рефундација. Проверката на начинот на рефундација е уште еден од механизмите за заштита при онлајн купување. Доколку има поинаков тип на рефундација несвојствен на стандардните на кои до сега сте наидувале, проверете го сајтот, пред да направите било каква нарачка.

Поставете лимит на картичката. Една можност за заштита од интернет измами е поставување на лимит на картичката. Така, секогаш кога лимитот ќе биде надминат, ќе добиете известување за тоа и доколку вие лично не сте го надминале лимитот, ќе можете навремено да реагирате за дополнителна заштита на сметката или нејзино блокирање.

Заштитете си ги личните податоци. Не оставајте лични податоци (адреса, матичен број) или податоци поврзани со вашите сметки во банка (трансакциска сметка, ПИН) доколку навистина не купувате нешто.

Доколку ви се случи интернет кражба, веднаш контактирајте ја вашата банка, а случајот пријавете го во полиција. Вашата банка ќе ви помогне како да се заштитите, а доколку има потреба ќе ви овозможи блокирање на картичката или промена на ПИН.

Related content