ОТВОРИ БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА!

Јавен повик на Асоцијација за е-трговија на Македонија во соработка со компанијата Visa

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со компанијата Visa објави јавен повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” со кој 15 микро, мали и средни компании ќе имаат можност бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Микро, малa или средна компанија која нема е-продавница.

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?

Избраните апликанти ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра кој ќе им овозможи:

Отворање на нова
е-продавница

Продавање на своите производи онлајн и маркетинг пакет во рамки на постоечка маркетплејс платформа во рок од една година

Еднодневен практичен семинар:
„Сѐ за е-трговија“

Семинарот ќе се одржи со физичко присуство на значајни теми поврзани со водење на е-продавница и дигитален маркетинг

Сертификат за успешно
завршување на програмата

Сертификатот ќе биде издаден од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Рокот за аплицирање трае до 15.03.2023 година!

Пред да аплицирате, прочитајте ги сите информации во рамки на јавниот повик достапни на овој линк

МАРКЕТПЛЕЈС ПЛАТФОРМИ КАДЕ МОЖЕ
ДА ОТВОРИТЕ Е-ПРОДАВНИЦА