Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна беше комплетирана – ecommerce4all.eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. Платформата се развиваше од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, како главен имплементатор на платформата, во соработка со останатите асоцијации за е-трговија во регионот. Целта на оваа веб платформа, која е бесплатна за […]

Пет заклучоци од Е-commerce:Accelerate! – петтата јубилејна регионална конференција за е-трговија

На 11-ти ноември ја организиравме Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 450 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 100 лица со онлајн присуство.  Петтото издание беше најмасовната конференција досега, која можеше да се следи со физичко и онлајн присуство од учесници од Македонија и од […]

Се одржа годишното собрание на АЕТМ – Ангеловска реизбрана за претседател на АЕТМ

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија неделава го одржа своето Годишно Собрание, во онлајн формат во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците на АЕТМ. Покрај Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска во првиот дел поздравни обраќања имаа и регионалната директорка на Mastercard за Бугарија, С.Македонија, Албанија и Косово  – г-ѓа Вања Манова и  проектниот менаџер […]

АЕТМ и UNCTAD го организираат вториот регионален eTrade for Women Masterclass

По првиот успешен регионален Masterclass во 2019 година, претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска која воедно е и жена-амбасадор за е-трговија на UNCTAD, заедно со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и UNCTAD го организира вториот регионален Masterclass за е-трговија за жени од Балканот кој ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули 2021, овој пат во виртуелен […]

[Интервју] Петар Наумовски, granapdoma.mk: Грижата за корисниците, прекрасната комуникација и излегување во пресрет на нивните барања се најважни за тимот на Гранап

За важноста на грижата за корисниците, за работната подготовка на онлајн супермаркетот за време на полниот ек на глобалната пандемија, како и за подобрување на перформансите и организирање за новите предизвици зборуваме со Петар Наумовски од granapdoma.mk. АЕТМ: granapdoma.mk минатата година се придружи на понудата на онлајн супермаркети на македонскиот пазар; што ве натера да […]

АЕТМ потпиша меморандум за соработка со Агенција за заштита на лични податоци

Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата во усогласување на нивното работење со законските регулативи, денеска претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска и Директорот на Агенција за заштита на личните податоци, Имер Алиу потпишаа меморандум за соработка. Со потпишување на меморандумот двете страни […]

[Интервју] Сашка Николовска, БЕ-ДА Експрес: Технологијата веќе одамна го држи ритамот и го диригира растот на еден бизнис – задолжително е за секој да биде во чекор со дигитализацијата

Во интервјуто со менаџерот на БЕ-ДА Експрес, Сашка Николовска, разговараме за суштинското значење на логистичките компании во синџирот на е-трговијата, активното дигитализирање на работните процеси, како и за соработката на курирската компанија со клиентите-соработници од сферата на е-трговијата. АЕТМ: Неизбежно е да се забележи дека постојано расте интензитетот на понудата за компании за логистика во […]

Започна првиот виртуелен хакатон “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” во организација на АЕТМ

Вчера, со почеток во 17 часот започна дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, под наслов “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”, на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. Овој хакатон е организиран од АЕТМ, односно невладиниот сектор, со поддршка […]

[Интервју] Душица Лазарова – Бизнис и Проект Менаџер @ HASELT: Колку порано студентите се вклучуваат во општествениот живот и ја градат својата кариера, толку побрзо ќе гледаме општествени промени и иновации околу нас

Софтверската компанија HASELT е дел од виртуелниот хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ како сребрен партнер. Заедно со Душица Лазарова – Бизнис и Проект Менаџер во HASELT зборуваме за тоа колку е важно активното учество на младите со цел оформување на едно напредно општество, свесноста и желбата на компаниите да пристапат кон дигитализација и […]

[Интервју] м-р Марко Ѓоргиевски, Директор @ НАЕОПМ: Важно е студентите да се вклучени во развојот на стратегии и спроведување на политиките кои носат намалување на сивата економија

Во периодот од 14.05 – 16.05.2021 Асоцијацијата за е-трговија на Македонија организира виртуелен хакатон насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“, во соработка со Економски Факултет – Скопје и ФИНКИ. Дел од поддржувачите и партнерите на овој хакатон е и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Со директорот на НА, м-р Марко Ѓоргиевски […]

Повеќе податоци за дигиталните платежни услуги со измените на одлуката на Народната банка

Советот на Народната банка на редовна седница ги усвои измените на Одлуката за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет, преку која Народната банка ќе го прошири сетот податоци од доменот на платежната статистика кои ќе се прибираат во иднина. Народната банка и досега прибираше сет на податоци кои беа усогласени со […]

ТОП 10 земји од кои најмногу се прават онлајн трансакции кон домашните е-трговци

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година.   Во текот на 2020 година странците кон […]

АЕТМ го организира првиот виртуелен хакатон посветен на сивата економија: „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“

Согласно Извештаите од анализа на е-трговија во Република Северна Македонија, 2018 и 2020 година, една од главните мапирани бариери за раст на бизнисите во е-трговијата е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистрираните компании.  Според анализата на прашалникот спроведен во 2020 година од АЕТМ на 2.800 е-купувачи, над 70% од купувачите свесно учествуваат во […]

АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание

Вчера го одржавме нашето Годишно Собрание, онлајн, согласно мерките за заштита од коронавирусот.  Во последната година постигнавме значајни резултати – ја подигнавме свеста за значењето и потенцијалот на е-трговијата и директно помогнавме за зајканување на дигиталните вештини и зголемување на понудата во е-трговијата, особено во време на пандемија каде што е-трговијата се покажа како неопходност. […]

Серијал студии на случај – #2 ЈП Водовод и канализација: Трикратен пораст во онлајн наплатата на сметки по започнувањето на КОВИД-19

Основна дејност на Ј.П. „Водовод и канализација“ Скопје е собирање, пречиствување и дистрибуција на вода за пиење како и одведување на урбани отпадни води, обезбедување на здраствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. ЈП Водовод и канализација е основана во 1992 годинаи и […]

Е-трговијата со пораст од 23,8% во однос на бројот и 26,6% во вредноста на трансакциите во 2019 година!

Народната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба заклучно до 31.12.2019 година. Платежните трансакции со платежни картички се поделени во три различни категории засновани врз резидентноста на обезбедувачите на платежните услуги. 

Зошто ви е неопходен извештајот за електронска трговија во Северна Македонија?

Електронската трговија се стреми да биде примарен канал за продажба на производи и услуги во светски рамки, а таа тенденција нема да ја заобиколи ниту Северна Македонија. Се повеќе класични продавници ќе отвораат електронски продавници и се повеќе бизниси својата продажба ќе ја ориентираат исклучиво кон онлајн продажбата како примарен и единствен канал за продажба. […]