Отворена работна позиција во АЕТМ: Специјалист за дигитален маркетинг

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) е првата и единствена Асоцијација чија мисија е да креира поволна околина за забрзан раст на е-трговијата во земјава. Повеќе од четири години АЕТМ го претставува гласот на е-трговијата како етабилирана Асоцијација која брои над 120 членки. Нашите членови доаѓаат од целиот екосистем на е-трговија: е-трговци, финансиски институции, компании за логистика, како и владини институции. Преку организирање на бројни едукативни активности, имплементација на иницијативи и проекти, како и активно медиумско присуство АЕТМ знајачно влијае за кревање на свеста за важноста на е-трговијата за економскиот развој на земјава. Тимот на АЕТМ го сочинуваат млади и динамични луѓе со силна пасија за е-трговијата.

Во АЕТМ моментално имаме отворена работна позиција и бараме некој/а со кој е спремен да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Бараме самоиницијативна креативна и вредна личност со пасија за е-трговија и желба за работа. Ако ова ти звучи возбудливо, имаш познавања од сферата на дигитален маркетинг и сакаш дополнително да учиш и напредуваш во силен и динамичен тим – сакаме да те запознаеме.

Одговорности:

  • Креирање на маркетинг планови и нивна имплементација за потребите на АЕТМ и проектите/иницијативите;
  • Маркетинг на социјални медиуми 
    • Менаџирање на социјалните медиуми на АЕТМ;
    • Креирање и имплементирање на контент планови; 
    • Менаџирање на кампањи на социјални медиуми (Facebook Ads Manager);
    • Креирање содржини и материјали за објава (дизајн на слики и видеа по потреба);
  • Еmail маркетинг
    • Дизајнирање и менаџирање на email кампањи (Mailerlite);
  • Соработка со проектните менаџери и координирање на маркетинг активностите за тековните проекти;
  • Пишување и објава на релевантнии текстови поврзани со индустријата на порталот на асоцијацијата;
  • Креирање промотивни активности за членовите на АЕТМ;
  • Известувње и информирање за работата пред раководниот тим на АЕТМ;
  • Извршување на други маркетинг должности кога е потребно.

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование или неформално образование во областа на Дигитален маркетинг;
  • Искуство во дигитален маркетинг од минимум 2 години, особено во реализација на стратегии со примери за успешни проекти и докажани резултати;
  • Одлични комуникациски и презентациски способности;
  • Креативност и само-мотивираност;
  • Способност за самостојно работење со мал или без дневен надзор;
  • Способност за работа на повеќе проекти со различни цели истовремено;
  • Вештини за пишување текстови и copywriting;
  • Познавање на алатки за дизајн на креативи и едитирање на фотографии (пр. Adobe Photoshop, Illustrator или други алатки како Canva и сл.);
  • Познавање на Facebook Ads Manager;
  • Познавање на Google Drive и MS Office (Excel, Word, Power Point).

Се смета за плус:

  • Искуство во областа на е-трговијата
  • Познавање на WordPress
  • Познавање на софтвер за едитирање на видео
  • Напредно познавање на Photoshop/Illustrator 
  • Внимание на детали и вештини за мултитаскинг

Се очекува:

  • Да има желба за учење и напредување во областа на е-трговијата
  • Одговорност, иницијатива и проактивност
  • Да поседува позитивен тимски дух и енергија
  • Да има брзина во работата
  • Да почитува рокови

Можности:

  • Работа на препознатливи проекти и можност за истакнување на сопствената креативност
  • Фер однос и мотивирачки систем на наградување и препознавање
  • Можност за развивање на нови вештини и знаења
  • Работа во етаблирана асоцијација која е силен претставник на индустријата и која има изградено доверба и релации со владините институции и реалниот сектор и која нуди можности за напредок

Останати информации и предвидена финансиска компензација:

  • Работно време: 40 часа неделно со можност за флексибилно работно време од 8:00 до 18:30ч
  • Remote работa: Зависно од работните ангажмани и обврски прифатливо е и remote работење по потреба и желба (1 до 2 дена неделно со целосно отсуство од канцелариите)
  • Финасиска компензација: Ќе биде дефиниранa согласно искуството на кандидатот (се прифаќаат апликации од medior и senior digital marketing specialist).

За да аплицираш за отворената работна позиција испрати ни твое CV заедно со мотивационо писмо најдоцна до 10.02.2022, 23:59 часот на raboti@ecommerce.mk со subject (наслов): За отворена работна позиција Digital Marketing Specialist

Забелешка: Cелекцијата ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.