fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Нашиот член Fashion Group преку е-трговијата ја доближува модата за најмалите со новата е-продавница на Оkaidi

Производите на популарниот француски бренд Okaidi отсега можете да ги најдете на целосно новата платформа на брендот, www.okaidi.com.mk, исклучително пријателски настроена и едноставна за користење.

Онлајн платформата Okaidi, чии производи досега можевте да ги нарачате преку fashiongroup.com.mk, овојпат е надоградена со уште повеќе содржина.

Отсега, на ултра лесен начин ќе ја пронајдете колекцијата целосно изработена од органски памук, маичките со принт кои се омилени на вашите најмили или пак неопходните производи за новороденчињата.

На сајтот на брендот, на едноставен начин се класифицирани секциите за возраста на дечињата како и типот на облека што го барате, а правењето на нарачка е исклучително лесно и едноставно, дури и за оние што прв пат нарачуваат.

На новата платформа на брендот сосема одвоени ќе ги пронајдете и промоциите, изборот на уникатни парчиња на неделно ниво, колекцијата за спиење, парчињата за новороденчиња и уште многу работи.

Есента оваа година е сосема поинаква, но тоа воопшто не значи ограничување на детската игра во надворешни услови. Во однос на тоа, дизајнерите на Okaidi создадоа исклучително топла колекција полна супер парчиња, како и подеднакво топли обувки кои секогаш се од исклучително значење.

Откријте ја новата колекција на брендот и сите актуелни промоции на www.okaidi.com.mk.

*Комерцијален текст

Post a comment