Извештај од анализата на е-трговијата во Република Македонија – “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е – трговијата.”

Како изгледа е-трговијата во Македонија? Колку, како и каде купуваат македонските потрошувачи? Дали преферират да купуваат во Македонија или во странство? Какви платежни методи најчесто се употребуваат?

Преземете ја целата анализа за да дознаете повеќе за:

  • Дигиталните вештини во Македонија
  • Предизвиците и бариерите на е-трговците
  • Каква е искористеноста на опцијата за електронско плаќање?
  • Што купувале Македонците најмногу онлајн?
  • Колкава е вредност кон домашни е-трговци?
  • Колку често Македонците купувале онлајн?
  • За што го користат интернетот Македонците и компаниите во Македонија?
  • Каков е индексот за подготвеност за мрежно поврзување на Македонија, индексот за е-трговија и индексот на логистички перформанси?
  • Кои се препораките за унапредување на е-трговијата во Македонија?


Поддржано од Mastercard
Бесплатен примерок за членки!

Прегледај

Членство!

Годишен Извештај за работата на АЕТМ во 2018 година

Прочитајте повеќе за активностите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во 2018 година. На што бевме посветени и што сработивме во првата година од основањето.

Нашата работа во 2018 година:

Работата во текот на 2018 година беше фокусирана кон кревање на свеста за важноста на е-трговијата, кон мапирање на предизвиците, кон креирање  на препораки за раст на индустријата и кон едуцирање и информирање на јавноста, бизнисите и организациите. Започнавме со голем ентузијазам благодарение на довербата која ни ја укажаа сите компании, организации, владини институции и индивидуалци кои се приклучија здружено да делуваме кон подобро утре за е-трговијата во земјава.

Полугодишен Извештај за работата на АЕТМ [Јануари – Јуни]

Прочитајте повеќе за активностите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во првата половина од 2018 година. На што бевме посветени и што сработивме во претходните првите 6 месеци од годината.

Во полугодишниот извештај можете да прочитате повеќе за:

  • Меморандум со Царинска Управа на Република Македонија [Јуни/Јули]
  • Промоција на Извештајот од анализата за е-трговија на Република Македонија [Jуни]
  • Дел од UNCTAD Ecommerce Week [Aприл]
  • Градење капацитети: “Ladies in E-commerce” [Април]
  • Прес-конференција – Launch & Brunch
  • Годишно собрание [март]

АЈДЕ ЗАЕДНО ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОН ПОДОБРУВАЊЕ НА Е-ТРГОВИЈАТА!