ЧЛЕНОВИ

МРЕЖАТА НА СОРАБОТНИЦИ

За краток период АЕТМ изгради мрежа на соработници чии вредности и експертиза ја прават асоцијацијата подобра.

НЛБ БАНКА

НЛБ Банка e една од водечките банкарски институции во Македонија, чиј долгогодишен успех се темели на воспоставената корпоративна култура и традиција на Банката комбинирани со современа информатичка технологија, професионален кадар и успешна пазарна стратегија, поддржани со брендот на НЛБ.

Согласно својата мисија, НЛБ Банка е насочена кон обезбедување на повисоко ниво на квалитет на услугите, преку понуда на современи продукти и услуги прилагодени на потребите на различните пазарни сегменти, како и електронски канали на пристап и интеракција со Банката.

Корисничкото искуство, како и степенот на задоволство на нашите корисници од услугите, се од исклучителна важност за Банката. Корисничкото искуство во основа се состои од понуда на иновативни и кориснички ориентирани продукти, наменети за задоволување на секојдневните потреби на клиентите.

КЛИРИНШКА КУЌА КИБС АД Скопје

Клириншка куќа КИБС АД Скопје е акционерско друштво во сопственост на банките, со примарна функција Клиринг – водење на платниот систем за мултилатерално одложено нето порамнување на мали плаќања. Останати услуги:
1. ЕРТС-Водење на Единствениот регистар на трансакциски сметки и размена на информации за Блокади на трансакциски сметки;
2. Инфо-Размена на платни информации (бруто плати, обврски за даноци и придонеси; сметки за комунални услуги; др. платни информации);
3. Ki-Pay-Процесор за електронска трговија и електронски плаќања иницирани на интернет и нивна наплата од трансакциска сметка преку електронските банкарства на банките;
4. Давател на доверливи услуги: SignPlus-Услуга за дигитално потпишување, безбедна електронска препорачана испорака или складирање на потпишаните документи, ставање и проверка временски печат; Verba Sign-Сертификати за електронски потпис; Verba Seal-Сертификати за електронски печат; Momentum-Услуга за временски печати; MailTube-Електронска препорачана достава на фајлови; i-Banking-Облак базирана услуга за електронско и мобилно банкарство; SSL сертификати; Code signing сертификати.

GROUPER.MK

Grouper е првиот македонски сајт за групни попусти, лансиран во 2011 г. кој направи вистинска револуција во онлајн купувањето и стана познат како “game changer” на пазарот на е-трговија. Grouper овозможи илјадиници локални компании да се приклучат кон новите трендови и да влезат во онлајн светот и е трговијата. Од друга страна, им помогна на граѓаните да стекнат доверба во онлајн купувањето и го разгази патот за сите компании кои сакаат да влезат на пазарот на е-трговија. Денес Grouper е првото место кое над 200.000 корисници го проверуваат кога сакаат да прават или купат било што – да посетат ново место, да вкусат нова храна, да организираат патување, да закажат здравствен преглед, да купат подарок или едноставно да најдат добра идеја за било каква активност.

DHL

ДХЛ е застапен во повеќе од 220 земји и територии низ светот, со што стана најинтернационална компанија во светот. Со работна сила која надминува 350. 000 вработени ние обезбедуваме решенија за речиси бесконечен број логистички потреби.
DHL е дел од светската поштенска и логистичка компанија Deutsche Post DHL Group, и во својот состав ги опфаќа деловните единици DHL експрес, DHL пратки, DHL e-трговија, DHL глобално препраќање, DHL превоз на товар и DHL ланци за снабдување.

PAKET.MK – ТВОЈОТ ОНЛАЈН СУПЕРМАРКЕТ

Paket.mk е интернет супермаркет, кој заедно со МАРКЕТ ЗУР ви овозможува избор на повеќе од 2.000 намирници достапни за достава истиот ден.

MARKETKONEKT.MK

MarketKonekt е дел од портфолиото на Р3 Инфомедиа, компанија која обезбедува целосен сет на детални информации за корисниците и единствени интегрирани маркетинг услуги за компаниите преку брендови со лидерска позиција на домашниот пазар: Златна Книга – www.zk.mkMarketKonekt.com, Информации 1188 – Целосен телефонски именик на Македонија, GetLokal.mk, sk.com.mk

РЕПТИЛ МАРКЕТИ

Он-лајн купувањето е можност за сите кои сакаат повеќе време да поминат со семејството, пријателите и за постарите лица на кој излегувањето од домот им е се потешко. Додека сте на вашето работно место или во домот можете да ги нарачате сите потребни производи. Он-лајн маркетот опфаќа околу 3000-4000 производи чија бројка постојано се зголемува. Производите се поделени во групи и подгрупи, исто како што е направено во супермаркетите. Пазарењето е лесно и нуди безбедно плаќање со две други опции:
– Купувачите ја подигнуваат нивната нарачка подготвена од нивниот избран маркет.
– Рептил врши достава на вашите избрани производи секој ден, до вашата локација, во временски интервал од 10 до 18 часот. Купувачот може да побара нарачката да му се достави во избрано време. Доколку самиот купувач не одреди време, а изврши нарачка најкасно до 16:30 часот, Рептил ги испорачува производите во истиот ден. Во сабота, доставата се врши од 10 до 14:30 часот, само ако нарачката се направи најдоцна до 12:30 часот. Пазарето со срце и задоволство, Ваши РЕПТИЛ маркети

BANKARSTVO.MK

Банкарство.мк претставува веб портал кој функционира на пазарот, обезбедувајќи на своите читатели информации поврзани со Банки и останати финансиски институции. Банкарство.мк пренесува навремени и точни информации, ги анализира продуктите на Банките, ги пренесува ставовите на Банкарската фела и информира за можностите за вработување во Р.Македонија. На Банкарство.мк можете да прочитате и интервјуа со влијателните личности од Банките во земјава, кои ги коментираат економски движења и даваат свое мислење за идниот развој на Банкарскиот сектор. Порталот е фокусиран на теми и анализи поврзани со Банки и ги пренесува сите Банкарски новини од земјата и светот.

IWM Network

IWM Network е ИКТ компанија основана во 2008 година со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да ги искористат можностите кои ги нуди динамичниот дигитален свет. Специјализира во услуги како дигитална бизнис трансформација, развој и интеграција на напредни веб решенија, е-комерц, интерактивен маркетинг, бизнис аналитика, корисничко искуство и дизајн… Kompanijata ima уникатен бизнис модел и подеднакво работи и со мали и со големи „играчи“ – вклучувајќи стартапи, корпорации, невладини и владиниорганизации, универзитети, медиуми, продукциски куќи, ИТ компании, маркетинг агенции и ред други ентитети.

BRAINSTER

Brainster е иновативна платформа за едукација каде можеш да научиш практични вештини за трансформација на кариерата. Нашата специјалност е организирање на курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании. Во изминатите 2 години Brainster реализираше повеќе од 400 курсеви преку кои 4000 учесници се стекнаа со нови вештини и стигнаа чекор поблиску до кариерата која ја посакуваат. Brainster ти овозможува активно да учествуваш во градењето на локалната 2.0 заедница, да се вмрежиш со луѓе со слични интереси, да креираш, да го споделуваш твоето знаење и да учиш од другите.

ХАЛК БАНКА АД Скоје

Клиентите мислат дека отворањето на веб продавница е едносавно и само треба да дојдат во банка за да отворат сметка и да ја поврзат со веб платформата. Потребно е да се работи на објаснување на секој сегмент од тоа што значи да се има веб продавница, дека со самото отворање на продавницата не значи дека успеале во идејата. Дека тоа им е само каналот преку кој продаваат, а дополнително треба да се ангажираат во обучување на клиентите како да купат онлине, објаснување на начинот на подигнување и достава како и многу рекламирање и промоција на продавницата.

Заинтересираните за отворање веб продавница треба да знаат кој се може да продава и каков вид на производ може да се продава на интернет, треба од успешните бизниси да добиваат насоки во која насока е потребно да се движат односно да ја развиваат својата идеја. Успешните бизниси да бидат на располагање и да им помогнат да ги совладаат сите пречки.

Треба да се формира една работна група во која ќе бидат успешни претприемачи кои имплементирале онлајн платформа и таа група да се надоградува постојано и да ги обучува сите кои се заинтересирани за воведување е-трговија. Изработка на флаери преку кои ќе се промовира услугата.

Да се извлечат позитивните и негативните искуства од соседите и успешните земји кој имаат голем удел на е-трговијата во вкупниот број на трансакции.

НОВА ОСИГУРУВАЊЕ (NOVA INSURANCE)

Друштвото НОВА осигурување АД Скопје е правен наследник на Албсиг АД Скопје, кое е основано на 26.04.2007 година, во форма на приватна сопственост. Според евиденцијата од ЦРМ – тековна состојба, согласно финансиската трансакција за влез на друг доминантен стратешки капитал, фирмата е во сопственост на: Џ – Џ Технологија ДОО Скопје (90%) и Анонимно друштво за осигурување АЛБ Сигурацион АД – Република Албанија (10%), со пропорционален (поединечен) удел од 3,500 илјади ЕУР или вкупно основна главнина, составена од 350.000 обични акции со номинална вредност од 10 ЕУР. Според приоритетната дејност, акционерското друштво се занимава со: неживотно осигурување. Во делот на корпоративното управување и поставување на новиот менаџмент, ние целиме кон ефикасно работење. Воедно, сакаме да градиме долгорочна традиција со единствена цел, да обликуваме ново поглавје во осигурителната култура. Нашата мисија е да поставиме и почитуваме позитивни принципи на однесување, кои што ќе придонесат за поголема транспарентност, коректност, а над се за зголемување на нивото на задоволство, како за домашите партнери (комитенти), така и за вработените.

SEAVUS EDUCATION & DEVELOPMENT CENTER

Сеавус едукативен и развоен центар (SEDC) е водечки тренинг центар специјализиран за обуки и академии во областа на информатичка технологија, дизајн и бизнис менаџмент. Носител е на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови со кои соработува во реализација на своето широко портфолио. Воедно со преку 200 студенти годишно, SEDC е и најголемата Академија за неформално образование во Македонија. Во склоп на едукативниот центар се наоѓа и авторизираниот тестинг центар на Certiport, Pearson VUE, Prometric, Kryterion и NexTeh. Во тестинг центарот се извршуваат полагања за добивање на меѓународно признати сертификати.

САВА ОСИГУРУВАЊЕ

Сава осигурување е истакната членка на една од најмоќните осигурителни групации во Југоисточна Европа – Сава Ре од Словенија. Препознатлива по својата иновативност и развојот на нови продукти, Сава осигурување се издвојува со својата адаптираност кон потребите на своите клиенти.
– Креира осигурувања по мерка со јасно покритие, без скриени франшизи и достапни за секого, во било кое време
– Благодарение на својата отвореност кон дигитализацијата, има исклучително сигурна, едноставна и брза онлајн продажба на полиси, со најголем број на понуди во својот веб-шоп.
– Располага со сопствен 24/7 контакт-центар за онлајн и телефонска поддршка каде што може да се добијат информации, помош, но и да се пријавуваат штети.
– Сава е првата и единствена осигурителна компанија на македонскиот пазар со сопствен асистентски центар за пријава и координација при штети во домот, на пат, во делот на приватното здравствено осигурување.
– Покрај високо развиената продажна мрежа од подружници, агенти и застапници, компанијата е лидер на пазарот во банкоосигурување, односно продажбата на полиси преку банкарска мрежа.
–  За корисниците на моторни возила, нуди најкомплетно покритие и услуги, вклучувајќи и сопствена станица за технички преглед – Сава Стејшн.

NEW MEDIA

NewMediaMK е маркетинг агенција фокусирана на развој на ефективна комуникација на дигиталните медиуми. Основана во 2010 година беше првата агенција од ваков тип на мекедонскиот пазар. По иницијалната препозатливост за креативна работа на социјалните медиуми, денес NewMediaMK успешно опслужува голем број на глобални, регионални и локални клиенти. Искусниот тим е посветен на креирање квалитетна содржина, носење одлуки на база на податоци, ефективно огласување и подобрување корисничкото искуство на различните дигитални платформи.

SPORT M

Спорт М е компанија која што е лидер на пазарот со спортска опрема и обувки и 14 години се стреми на своите потрошувачи да им обезбеди добар и квалитетен производ и најдобра услуга по најпристапни цени.

Новитет во работењето е стартување со онлајн продажба како дел од заложбата и обврската да се следат модерните глобални трендови во е-трговијата. Македонските потрошувачи сега ќе можат со само неколку клика да ги нарачаат производите или пак да погледнат дел од понудата на производи што ја нудиме и со тоа да го заменат традиционалното пазарување во продавниците.

HASELT

HASELT e интернационална компанија за IT консалтинг, дизајн и софтверски развој – која се стреми кон ширење на хоризонтите на современите софтверски технологии. Компанијата обединува над 60 стручни лица ширум светот со седишта во Скопје, Цирих и Њујорк. Во изминатите 5 години, нашиот тим успешно има завршено над 150 проекти од различни големини. Со тоа, опслужуваме повеќе клиенти почнувајќи од start up компании, па се до големи корпорации и јавни институции на едни од најиновативните пазари во светот.

GSIX

GSIX е софтверска компанија која веќе 10 години успешно работи на глобалниот пазар. Со седишта во Скопје и Денвер, нашиот тим брои над 50 професионални софтверски инженери како и стручни лица од областите на дизајн, маркетинг, продажба и др. Фузијата од нашите способности и иновативниот начин на размислување не води од самиот развој на еден продукт како и пристапот и решавањето на проблемите на нашите клиенти. Го негуваме претприемничкиот mindset кој ни помага полесно да се адаптираме на најновите трендови. Додаваме иновација во сите наши софтверски и хардверски услуги со цел да го нарушиме денешното гледиште со последните технологии.

DIGITAL ORANGE

Дигитал Оринџ е професионална ИТ компанија основана во 2015 година во Скопје, Р. Македонија. Низ годините, работејќи со клиенти од сите континенти, од различни култури и традиции, научивме дека успехот не се оценува според бројот на завршени проекти, туку по бројот на задоволни потрошувачи. Посветени сме кон наоѓање решение да сите бизниси, од корпорации до мали претпријатиа, станат дел од нашето семејство на успешни брендови и продолжат да растат со нас. Нашите клиенти се дел од банкарски асоцијации, хотелиерство, институции, академии, трговии, транспорт и логистика, и други. Нашиот тим креира врвен веб дизајн, веб и мобилни апликации, дигитално брендирање на бизниси, како и приватни сервери за хостирање на Вашиот вебсајт. Наша специјалност е комплетна изработка на онлајн продавници за Вашиот бизнис, со лесна навигација и функционалност, како и дигитални маркетинг услуги вклучувајќи социјални медиуми, SЕО, емаил маркетинг, и сл.

ФД Иуте Кредит

ФД Иуте Кредит Македонија е финансиско друштво регистрирано во 2017 кое се занимава со издавање на наменски и ненаменски потрошувачки кредити на физички лица. Аплицирањето и издавањето на кредитите е можно за само 15 минути и тоа онлине директно преку веб страната www.iutecredit.mk, во нашите канцеларии во Скопје и Тетово или преку трговска мрежа во продажните места со кои Иуте Кредит има склучено договор за соработка. Кредитираме НАЈБРЗО и НАЈКОМФОРНО!

ММ ДИСОСКИ

Основани во 2011 година, главна бизнис активност на ММ ДИСОСКИ е интернет продажба и интернет промотивни услуги. Компанијата работи со своите клиенти на кои им помага подобро да се промовираат и продаваат на интернет. Главните производи и услуги се: веб дизајн и администрација, дизајн на веб и мобилни апликации, како и интернет промоција која вклучува: оптимизација на веб-страници за пребарувачи; промоција на социјални медиуми итн.

ENEA.MK

Енеа ДОО е водечки дистрибутер на квалитетни, познати брендови кои се движат од прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, ХОРЕКА Палета на производи и многу други, Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

INSIDER ID AGENCY

Инсајдер ИД е агенција за истражување на пазари и консалтинг во Македонија. Секогаш подготвени за решавање на најтешките проблеми и предизвици. Бидејќи секој од нас е уникатен, секогаш иновативни и самите подготвени да направиме промена во нашето работење и размислување да обезбедиме комплетно нови решенија и нови начини на водење на бизнис. Од Истражување на пазари, преку Category Management, Истражување на задоволство на вработени до BI (Business Intelligence) систем за управување со маркет, се обидуваме да постанеме дел од Вашето секојдневие и да гледате во нас сигурен партнер на кој можете да се потпрете во секоја ситуација. Да го однесеме заеднички Вашиот бизнис на едно повисоко ниво.

БИЗНИС КОНФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Бизнис Конфедерација на Македонија е организација на работодавачи која уште од 2001 година ги артикулира, претставува и поддржува интересите на 8500 членови во 13 деловни здруженија. Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и е поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата. Промовирајќи го одговорното водење на бизнис, Бизнис Конфедерација на Македонија поттикнува оддржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите. Мисијата на Бизнис Конфедерација на Македонија е да помогне кон поттикнување и подобрување на бизнис опкружувањето во Македонија, понатамошно градење на партнерства, развој на трипартитниот дијалог, поттикнување на конкурентност на македонската економија и развој на бизнисите врз основа на транспарентност и деловна етика.

АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА СТАНКОВИЌ И ЈОШЕВСКА

СТАНКОВИЌ И ЈОШЕВСКА нудат комплетни услуги од областа на правото, специјализирани за советување на компании и индивидуални клиенти. Познати сме помеѓу клиентите по високиот квалитет на дадената услуга, исплатливи и практични решенија, на локално, национално и меѓународно ниво.
Адвокатската канцеларија СТАНКОВИЌ И ЈОШЕВСКА е составена од квалификуван тим на адвокати, потпомогнат од надворешни консултанти, секој специјализиран во различна област. Имаме одлична соработка со судски експерти, судски преведувачи, нотари, извршители и сметководители кои ни помагаат да одговориме на потребите за клиентот. Ние работиме со мотото „Подобро е да одбиеш клиент, отколку истиот да го разочараш“ и поради тоа нашите клиенти не наградуваат со нивната доверба одново и одново.

YOUR SECRET CRUSH

Your Secret CRUSH – македонскиот бренд за природна козметика на база на кафе и природни масла кој буквално ги освојува срцата на девојките. CRUSH, за само една година постоење прерасна во добро претпознатлив бренд за козметика во Македонија, кој ја подигнува информираноста за природна козметика на едно повисоко ниво. Внимавано на секој детал, од квалитетот и бенефитите на природните состојки во производите, до амбалажата, дизајнот, името – CRUSH претставува инспиративна стартап приказна.

BABYSHOP.MK

Единствен онлајн сајт за родители, баби и дедовци, тетки и чичковци, вујни и вујковци, комшии и пријатели кои сигурно во својот живот имаат по некое омилено дете.
Целта е на едно место секој ден се повеќе и повеќе да има производители на облека и обувки, мебел, козметика, играчки, школски прибор, издавачи на книги, музика, креативни работилници, разни школи, бутици, игротеки и сите оние активности кои нашиот и животот на децата го прават побогат.

EKUPI.MK

eKupi e најголемата регионална интернет продавница, застапена во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија, која ви овозможува едноставно купување на производи од широкиот асортиман директно од удобноста во вашиот дом, на работа или во движење, а Вие заштедувате време и пари.Имаме могу различен асортиман на производи од од областа на: ИТ технологија, потрошувачка електроника, автомобилски гуми и опрема, алати, машини и градинарска опрема, играчки и бебе опрема, опрема за училишта и канцеларии, книги, парфеми, саати и многу други категории на производи.

СН ФИНАНСИИ

ФД „СН ФИНАНСИИ“ ДОО Битола како дел од Сн Групацијата запопчна со работа на 15.03.2017 година. Друштвото има лиценца издадена од „Министерство за Финансии“ за одобрување кредити и кредитни картички, издавање гаранции како и факторинг. Во моментот ставен е фокус на кредитирањето и се одобруваат кредити од 50 до 30.000 Евр, ФД „СН ФИНАНСИИ“ е прва финтек компанија во Македонија основана со 100% домашен капитал и преку веб страната www.krediti.com.mk нуди он-лајн кредити до 79.000 денари. Нашиот проактивен пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата, несомнено се клучни фактори кои влијаат на граѓаните да се одлучат за нас.

SMART-IDEA.MK

Смарт-Идеа е место каде ќе најдете паметни идеи, за паметни луѓе.
Го овозможивме досега невозможното, online плаќање и за македонските фирми за работа низ целиот свет.
Во соработка со врвни дизајнерски студија, кај нас ќе најдете убави и практични решенија за разубавување на просторот во кој живеете.
Истотака, ја нудиме најдобрата понуда за спортска опрема.

MIDA Rent a Car

MIDA Rent a Car, лоцирана во просториите на скопскиот аеродром “Skopje International Airport” и со седиште во “Бизнис Центар МИ-ДА” во Скопје, е еднa од првите компании од оваа дејност во Македонија.
MIDA Rent a Car нуди различни трансфер услуги во и околу Скопје, како и на било која локација во Македонија, вклучувајќи и шатл трансфери за мали групи и големи семејства или пак приватни трансфери за парови и за поединечни патници.

ТЕРМО СИСТЕМ

ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација.
Нашата компанија Термо Систем  на македонскиот пазар успешно постои веќе 15 години. За сите овие години нашата визија беше јасна, се стремевме кон придобивање на задоволни купувачи , со понуда на квалитетни производи и одлична услуга.
Поради широката палета на производи од познатите светски брендови како Giacomini, Bosch, Daikin, Enrad, Wilo, Rothenberger, Siemens, Fondital , Varmo, Burnit, Sun System, Frabo, Radiatori 2000, Buderus  и други, станавме препознатливи по врвниот квалитет и се здобивме со многу признанија по највисоките светски стандарди.
Овие 15 години се грижиме за вас и за вашите домови, преку креирање на идејни решенија за греење, климатизација, водовод и соларни системи.
Нашиот успех го мериме преку задоволството на нашите клиенти кои секојдневно ги испраќаме со насмевки на лицата.  Ја креираме нашата историја низ годините, се со цел да им се доближиме на нашите корисници преку различни активности. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија како и работење по највисоки стандарди за квалитет.
Нашата крајна цел е да се создаде кај нашите купувачи чувство дека инвестираат во високо квалитетни производи кои пред се се енергетско ефикасни,  ја заштитуваат животната средина и се долготраен производ за идните генерации.

Cashback World

Cashback World е бренд кој е активен на 47 пазари низ целиот свет како глобална Куповна Заедница за потрошувачи во повеќе сектори. Во моментов, активни се повеќе од 9 милиони членови во светот кои добиваат ексклузивни предности при пазарувањето.
Како функционира? Едноставно: Cashback World гради мрежа на компании, мали и средни претпријатија, онлајн партнери и големи претпријатија кои овозможуваат предности при пазарувањето на секој купувач кој е регистриран во лојалната програма. Секој купувач има можност бесплатно да се регистрира, да стане член и да добива предности при секое купување во секој трговски сектор низ целиот свет. Членовите добиваат предности во вид на Cashback и Shopping Points кај повеќе од 90,000 Cashback партнери и 300,000 Cashback прифатни места во светот.
Во Македонија, Cashback World има повеќе од 240.000 членови и 1400 Cashback партнери.
Исто така, со секое направено купување автоматски компанијата собира фонд за проекти за помош преку две фондации: Child & Family фондацијата и Greenfinity фондацијата. Неколку проекти се веќе реализирани и во Македонија преку двете фондации.

КАСИС АД Скопје

КАСИС АД Скопје е компанија основана во 2001 година и е првиот и единствен процесор во Република Македонија, која од локални рамки во 2004 година прерасна во сертифициран процесинг центар од регионален размер.

Основната дејност на КАСИС АД Скопје опфаќа процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар.

Картичната индустрија прединачи со својата иновативност, а континуираните промени во технологијата ги мотивираат банките постојано и трендовски да нудат нови функционалности, квалитетни услуги, висок степен на заштита при плаќањата како и оптимизација на трошоците за процесирање. КАСИС е партнер на банките со кого тие ги исполнуваат зацртаните цели и планови. Позади КАСИС стои стручен тим на професионалци со повеќегодишно работно искуство во областа на картичното работење кои се подготвени, во секое време, да им овозможат на банките квалитетна услуга и да одговорат на нивните барања и потреби.

BASTET NOIR

Each Bastet Noir’s garment is made out of dead-stock material and ethically produced by an artisan seamstress. As women we love craftsmanship and appreciate handmade techniques, that’s why we make sure all the fine details are hand stitched, responsibly produced and diverse. Our pieces are manufactured in a small production studio in Skopje, Macedonia. We work with a COOPERATIVE OF SINGLE MOTHERS, so every garment you buy contributes to their welfare and helps them educate and raise their children.

FASHION GROUP

Fashion Group e групација на компании во приватна сопственост, чии зачетоци датираат од 1994 година во Скопје. Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот Fashion Group ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови.
Fashion Group e-shop постои од декемри 2017 и е уште еден чекор кон усовршување на купувачкото искуство и движење во правец на светските трендови и навики за купување.

UHOST.MK

Како компанија беспрекорно функционираме од 2006 година, повеќе од 10 годишно искуство во ИТ индустријата како и секојдневно усовршување и применување на новите техники и технологии во секојдневното работење. Од формирањето па до денес може да се пофалиме со доста голем број на повеќегодишни задоволни, сериозни клиенти кои ни го довериле нивниот бизнис и не одбраа нас како домаќини на нивните сајтови и нивни ИТ партнери/соработници.
Се состоиме од тим на креативни и искусни млади лица, инспирирани од брзиот развој на ИТ сферата каде се трудиме сите новитети да ги примениме во нашето работење како и усовршување на истите. Нашата мисија како тим е да ја најдеме соодветната формула за вашиот проблем со што би ве издвоиле од останатите и би ги истакнале вашите предности и вредности од вашите конкуренти од ИТ сферата. Се издвојуваме од останатите со применувањето на последните технологии базирани на светски стандарди и нудење на најстабилни, професионални решенија за вас-нашите клиенти.
Фокусирани сме на обезбедување на најсоодветни,квалитетни сопствени решенија приспособени пред се според потребите и барањата на крајните корисници. Нудиме огромен опсег на веб услуги почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни, комплицирани веб апликации и нивно хостирање. Препознатливи сме по одличната поддршка, како и кон професионалното пристапување и решавање на проблемите со кои се наидуваме и професионалниот однос кој го применуваме спрема клиентите. Тимот со кој располагаме и повеќе годишното искуство кое го имаме стекнато во нашето работење е резултат на огромната база од реализирани проекти кои ги имаме во нашето портфолио почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни веб решенија. Со применувањето на најсовремените технологии реализираме проекти со кои вие би се истакнале од вашата конкуренција и би биле чекор пред нив.
Практикуваме посветен, професионален пристап кон нашите клиенти, практикуваме пријателски однос изграден врз база на посветеност, професионална и одлична услуга. Внимателно ги проучуваме и разгледуваме барањата на клиентите и даваме наше стручно мислење, активно учествуваме во нацрт проект па се до крајна реализација или до задоволен клиент – успешен проект.

EMOS.MK

ЕМОС е производна компанија на која главни дејности се производство и инженеринг на ниско и среднонапонска електро опрема, електроинсталациски производи за домашна и индустриска употреба, гребенести склопки, изработка на изолатори, трансформатори и раставувачи, како и лиење на бакелитни и пластични производи за различна употреба, како резултат на преземање и целосно рестартирање на производните капацитети на бившата групација ЕМО Охрид АД. Од основањето на фабриката во 1979 година, електроинсталационите производи создадени од овие капацитети се познати и препознатливи кај потрошувачите за нивниот врвен квалитет, долговечност и истрајност не само ва Македонија и бившите YU простори, туку и во Германија, Русија, Полска, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Јужна Америка, каде се извезуваа производите на ЕМО. Брендот ЕМОС претставува синоним за висок квалитет и гаранција за долгорочна употреба и сигурност. Користиме најсовремени принципи на работење, строго контролирани процеси на производство и контрола на квалитет, суровини кои одговараат на интернационални стандарди за заштита на животната средина, како и бројни меѓународни сертификати.

BISTRAVODA.MK

Најголемата интернет продавница за алкохолни и безалкохолни пијалоци во Македонија со најефтини цени и испорака до врата.Компанијата Бистра Вода ДООЕЛ е дистрибутер на најпознатите светски брендови на пијалоци како SMIRNOFF,JOHNNY WALKER,JACK DANIELS,BACARDI,KAMPARI,BELLEI,JAMESON,PEPSI,GORDONS,FINLANDIA и многу други.Компанијата ги покрива сите ваши домашни веселби,прослави,свадби со можност за поврат на неиспиените количини.За нашата успешна приказна раскажуваат многуте наши задоволни потрошувачи.

ЗАЧЛЕНИ СЕ

Контактирајте со нас уште денес и откријте повеќе за тоа што АЕТМ може да ви понуди со што ќе станете наша членка.