Shoptalk Europe повторно ја поттикнува дигиталната трансформација на трговијата

Shoptalk Europe се враќа во Барселона овој јуни, по исклучително успешното ре-лансирање во 2023 година со цел да ја олесни дигиталната трансформација на европската трговија.

Shoptalk има за цел да создаде најдинамична и најпрогресивна заедница во европската трговија, фокусирана на дигитална трансформација и иновации. Го спојува целиот екосистем; трговци на мало, брендови, технолошки иноватори и инвеститори, на повисоко ниво, и преку 3.000 лидери се приклучија во 2023 година.

Оваа година, агендата на Shoptalk ќе се справи со најголемите прашања во индустријата со цел да открие како утрешните потрошувачи ќе откриваат и купуваат производи, и како трговците и брендовите ќе ги исполнат нивните очекувања.

Еве неколку прашања на кои ќе одговориме на Shoptalk Europe 2024:

  • Прикажување на студии на случај од реална употреба на вештачката интелигенција и како тие ќе бидат најтрансформативни за индустријата. Тиан Су е VP Personalization & Recommendation во Zalando и ја раководи работата на Zalando која се стреми кон тоа да ја употреби вештачката интелигенција на најдобар начин за да обезбеди персонализирани искуства за купување, и е само еден од 11-те фантастични говорници што ќе ги споделат своите искуства на траката во агендата посветена на револуционерна примена на вештачка интелигенција во малопродажбата.
  • Што е Unified Commerce, за кои сектори е релевантно и кои технологии и способности се потребни за тоа да се испорача? Еден од најинтересните дискусии во малопродажбата е како да се реорганизираат сите процеси со цел да се стави купувачот во срцето на секоја активност. На оваа тема ќе зборува Марија Хозе Барера Рохас, глобален главен дигитален директор и директор за е-трговија во Масимо Дути, Inditex во Shoptalk Europe за тоа како таа ја води испораката на конзистентни искуства на различни канали за нивните купувачи.
  • За тоа како се менуваат индустриските односи низ Европа во услови на нови B2B партнерства, особено поттикнати од растот на малопродажните медиумски мрежи ќе зборува Елоди Пертуисот, извршен директор на Carrefour Шпанија и главен дигитален директор на групата Carrefour
  • Како брендовите поттикнуваат диференцијација, лојалност и побарувачка и како тие го користат екосистемот на малопродажба, продажба на големо, Direct-To-Consumer, маркетплејс платформи и агрегатори со цел да се исполни таа побарувачка? Еден од најпривлечните бренд приказни во 2023 година беше репозиционирањето на Барби од страна на Mattel. Слушнете од Sanjay Luthra, EVP на Mattel EMEA & и Глобален Direct-to-Consumer директор за она што тие го учат од нивната direct-to-consumer платформа, Mattel Creations, како моќен катализатор за дигитална трансформација и поголема конекција со потрошувачите
  • Кои се next-generation патувањата на купувачите? Слушнете од Stanley 1913, тимот кој стои зад виралната сензација на социјалните медиуми, преносната чаша Stanley Quencher, за тоа како TikTok им помогна да се трансформира нивната 110-годишна компанија со претставување на нивните производи на сосема нова база на потрошувачи. Андреа Мартинс, претседател за EMEA и LATAM, Stanley1913 ќе ја сподели својата перспектива за тоа како да се успее со социјалните медиуми и креаторите

Содржината на Shoptalk е различна од другите настани. Програмата целосно се оформува врз база на фидбекот од индустријата, вклучително и од нивното Советодавно тело кое се состои од пионери и брендови во трговијата.

Во моментов се избрани над 175 одлични говорници за 2024 година, од кои две третини ќе бидат основачи, извршни директори или други директори на Ц-ниво, а останатите најмалку потпретседатели во нивните организации. Слушањето од нив дава единствена можност да се стекнете со свежи увиди и практични примери од самите лидери кои се пионери во трансформацијата на оваа индустрија.

Дојдете и придружете се на заедницата на сите decision makers во трговијата на Shoptalk Europe во Барселона од 3-5 јуни 2024 година.

Повеќе информации се достапни на овој линк: https://hubs.ly/Q02jjj3R0
Видете ја агендата тука: https://hubs.ly/Q02jjh_K0
Билетите се достапни тука: https://hubs.ly/Q02jjh_R0