Е-трговијата во Македонија со пораст од 62% спрема минатата година

За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците. Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатаомшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати.

Колку купувале Македонците онлајн во последните 12 месеци?

Спроведената анкета во првото тромесечие на 2018 година во Република Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст на онлајн трговијата. Во овој период нарачале/купиле онлајн 31,6% како процент од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Тоа значи дека 406 илјади Македонци нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци.

(Референтен период – генерално е првото тримесечје од годината, односно периодот од 3 месеци кој претходи на анкетата. Податоците за е-трговија се однесуваат на последните 12 месеци – период од 12 месеци кој претходи на анкетата.)

Извор: ДЗС, 2018

Што купувале најмногу?

Македонците како и во минатата година, најмногу купувале облека и спортска опрема но структурно со помало учество од минатата година. На сметка на тоа повеќе купувале производи за домаќинство, храна и друго.

Извор: ДЗС, 2018

Од каде купувале најмногу?

Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека за разлика од минатата година (31,7%),  Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%). Ако во минатото доминантна онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, најновте податоци на Државниот завод за стстистика покажуваат дека Македонците доминантно  онлајн тргувале од домашните е-трговци, што е осбено за поздравување.

Извор: ДЗС, 2018