Топ 10 трендови во е-трговијата за зголемување на продажбата во 2019 година

Според статистиката, се повеќе и повеќе од вкупниот број на интернет корисници купуваат производи или услуги од мобилните телефони, а сигурно е дека бројката ќе се зголемува во престојните години. Во изминатите неколку години, видовме огромна еволуција во практиките за е-трговија, каде што ние сеуште сме сведоци. Почнувајќи од зголемената употреба на мобилните телефони, па се до зачетоците на зголемена реалност (AR), e-commerce постојано се менува и тоа ќе продолжи да го прави во иднина. Оттаму, без разлика дали станува за B2C или B2B, не можете да си дозволите да ги игнорирате овие 10 престојни трендови кои ќе го променат начинот на кој е-трговијата ќе се извршува во 2019 година.

1. Подобро корисничко искуство (виртуелен асистент)

Пазарењето од онлајн и физичка продавница се две различни искуства. Начинот по кој се движи е-трговија оди до тоа дека и двете овие искуства ќе бидат речиси исти во најблиската иднина.

Она што се случува во вистинска продавница е дека човечки асистент ви помага да ги пронајдете вистинските производи за вас, според вашиот вкус и преференци. Тоа што може да се случи во престојните години е кога ќе влезете на сајт за е-трговија, виртуелен асистент ви сугерира и ве води низ продавницата со поставување на разни прашања.

Виртуелните асистенти ќе го направат купувањето пореално, а одлуките за купување ќе бидат подобри.

2. Компјутерски променета реалност (AR) и Виртуелна реалност во е-трговијата

Компјутерски променета реалност (AR) e еден голем потег во е-трговијата, и тоа е еден од трендовите за зголемување на е-трговијата во 2019 година. AR им помага на купувачите да изберат производи преку создавање на средина каде што купувањето може да биде пореално.

Amazon и IKEA се две развивачки гиганти кога станува збор за AR. Амазон ви овозможува да пробате повеќе производи или апарати со AR апликација, се со цел да бидете информиран купувач. IKEA Place е апликација заснована на AR која им овозможува на корисниците да пробаат мебел и додатоци пред да го купат.
Така купувачите ќе ја добијат точната идеја за производот. Вие повеќе не треба да замислувате како оваа кауза ќе изгледа во мојата дневна соба, всушност можете да ја видите!

AR веќе има направено голем напредок до сега, и дефинитивно е еден од трендовите за менување на е-трговија во 2019 година.

3. Доминација на мобилна апликација

Првиот чекор за развој на бизнис во е-трговијата е да се направи добра веб страна за онлајн продавање, но метежот не застанува тука.
Купувачите се повеќе се фокусирани на мобилните и сакаат да купуваат од самите мобилни телефони. Според SearchEngineLand, околу 60% од вкупните пребарувања на Google се од мобилни уреди. Пребарувачите веќе ги советуваат бизнисите да ги направат своите веб страници погодни за мобилните уреди, но мобилните апликации ја добиваат трката тука. Корисниците пребаруваат 286% повеќе производи од мобилни апликации, отколку од мобилен сајт.
Индустријата за мобилни апликации ќе премине приходи од 189 милијарди долари до 2020 година, а сите лидери во е-трговијата ја притискаат употребата на мобилни апликации. Тоа е јасен знак за зголемување на приходите за целата е-трговија и тоа е причината зошто тие го промовираат користењето на мобилна апликација пред мобилен или веб сајт.

4. Машинско учење и Вештачка интелегенција

Машинското учење и Вештачката интелегенција веќе прават големо влијание врз главните деловни области. Машинско учење е апликација која обезбедува подобро корисничко искуство врз основа на вашите претходни податоци, ангажмани или купувања. Тоа е сосема логично во е-трговијата, бидејќи секој има различни вкусови и параметри.
Тоа е исто како во физичка продавница каде што сте редовни купувачи, продавачот знае каква облека сакате. Е-трговијата преку машинското учење ќе направи да се чувствувате исто во наредните години.
Машинското учење и Вештачката интелегенција се две од најочекуваните трендови за е-трговија во 2019 година.

5. Пребарување на слики

Во 2019 година, ќе дојде подобар пристап кон пребарување на слики. Визуелното пребарување на eBay им овозможува на корисниците да го пронајдат соодветниот производ со користење на свои фотографии, онлајн слики или блог. Pinterest навистина работи напорно за да го подобри визуелното пребарување, а 2019 ќе биде за пребарување на слики за e-commerce.

6. Брза испорака и подобра логистика

Испорака во истиот ден е најочекувана работа кога станува збор за испорака. Ќе гледаме се повеќе платформи за е-трговијата што испораката ќе ја исполнуваат истиот ден и ќе обезбедат различни опции за испорака. Платформата ќе обезбеди флексибилност во испорака на производот, а логистиката ќе биде полесна во наредните години.

7. Четботови во е-трговија

Chatbot машина е технологија за учење која доаѓа со предлози и има разговор со клиентите. Таа создава интерактивна средина за клиентите каде chatbot-от поставува прашања до клиентите и ги дава најдобрите можни резултати.

Ова е интересен начин да се испорачаат добри резултати до потрошувачите, а е-трговијата има најмногу корист од тоа. Вештачката интелигенција ќе биде индустрија од 36,8 милијарди долари до 2025 година, а е-трговијата ќе дели голем дел од приходите.

eBay, SnapTravel, Aerie се неколкуте примери кои користат четботови за конверзија на купувачи.

8. Социјални медиуми

Социјалните медиуми веќе се огромен хит кога станува збор за е-трговија. Facebook, Instagram и Twitter се лидери за носење на потенцијални клиенти на вашите веб-страници и тие се едни од најдобрите алатки за ангажирање на купувачи.

Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest, и Snapchat моментално се водечки алатки кои се користат за е-трговија, а во 2019 година ќе гледаме и повеќе персонализирани реклами кои ќе резултираат со зголемување на конверзијата.

9. Е-трговија со подобри визуелизации

Визуелноста е најдобриот начин да им дозволите на клиентите да знаат дека производот кој го продавате е ветувачки. Оналјн бизнисите се повеќе и повеќе преферираат теми за е-трговија со одлични визуелни елементи и видео содржини за да им овозможат на своите киленти да знаат дека нивните производи навистина изгледаат добро.

Bellroy – Онлајн продавница за аксесоари користи огромни визуелни елементи за да го претстави секој од неговите производи и да покаже како неговите производи одлично се споредуваат со другите.

10. Гласовно пребарување ќе го промени лицето на оптимизацијата (SEO)

Според Comscore, повеќе од 50% од вкупните пребарување ќе бидат преку гласовни пребарувања до 2020. Засега, познат е фактот дека бизнис веб-страниците ќе се променат според ажурирањата на пребарувачот. Google ќе се погрижи корисниците да добијат најдобри резултати при гласовното пребарување. Ова ќе ја менува и играта во SEO (Search Engine Optimization) и ќе дизајнира веб-сајтови за е-трговија според гласовни пребарувања.

Dominos, Lyft, и Walmart ова веќе го имаат сфатено сериозно и на своите корисници им обезбедуваат гласовни услуги. Тоа дефинитивно ќе биде тренд на е-трговијата на кој ќе се надеваме во 2019 година.