Како се развиваше Амазон?

CB Insights анализира и визуелизира многу документи со цел да обезбеди факти и податоци кои се релевантни. Овозможува да се предвидат трендовите, да се предвидат стратегиите на конкурентите, да се истражат новите маркети и да се откријат можностите. Тие изработија бриф за технолошките гиганти, а во овој блог пост може да прочитате дел од нивната анализа за Амазон.  

Финансиската технологија на Амазон

Fintech е еден од трендовите кои земаат голем удел во финансиските услуги во изминатиот период. Финансиска технологија (FinTech или fintech) е нова технологија и иновација која се стреми и се натпреварува со постоечките традиционални начини на обезбедување на финансиски услуги. Употребата на паметни мобилни телефони за мобилно банкарство, инвестициски сервиси и крипто валути се примери за технологиите чија цел е да ги направи финансиските услуги подостапни за пошироката јавност.

Со ваквата технологија Амазон започна преку Amazon Flexible Payment System (Amazon FPS). Сетот на веб можности овозможи движење и префрлање на парите помеѓу два субјекти, луѓе или технологија. Потоа пробаа со TextPayMe, со што дозволуваа да се побараат пари од 3 телефонски броеви преку едно барање за трансфер. По неколку вакви иновации, Амазон премина во дигитален паричник за корисниците и во мрежа за плаќање за трговците. Иновација од Амазон е и идентификација преку лице за да се заврши нарачката. Во моментов Амазон има 33 милиони корисници во 170 земји.

споредба на Амазон со други компании

 

Амазон картички:

Амазон картичките од проширување преминуваат во секојдневие. Ова се картичките кои во моментов Амазон ги нуди:

  • Amazon Store Card – нуди некои од бенефициите како Prime Store Card но за корисници кои не се Prime. Не нуди 5% кешбек.
  • Amazon Prime Store Card – лансирана е во 2015 година со партнерот Synchrony Bank. Ова е првата картичка на Амазон и е само за Prime корисници, а нуди неограничен кешбек од 5% на Амазон нарачките.
  • Amazon Prime Rewards Visa Signature Card – лансирана е во 2017 година во соработка со Visа, а оваа картичка нуди 5% кешбек на Амазон и сите типови на храна, 2% кешбек на бензински станици, ресторани и маркети и 1% кешбек на било што друго. Наменета е за Prime членови.
  • Amazon Visa Credit Card – партнерска картичка со Visa за корисници кои не се Prime, а нуди 3% кешбек на нарачки од Амазон, 2% кешбек на бензински станици, ресторани и маркети и 1% кешбек на било што друго.
  • Дигитална дебитна картичка за Prime корисници – имателите на оваа картичка добиваат 2% награда секој пат кога ќе ја наполнат нивната картичка за подароци преку нивната сметка. За да се добива ваквата награда потребно е да се има банкарска сметка во Америка, број на дебитна картичка и број на возачка дозвола.

Што е следно за Амазон?

Разговорите со финансиските фирми се фокусирани на креирање на продукт кој ќе одговара на младите луѓе и на оние без транскациска сметка. Каква и да е финалната форма, оваа иницијатива нема да го претвори Амазон во банка. Нудење на продукт кој е сличен како продукти кои може да ги понуди банка, ќе ги намали давачките кои Амазон ги плаќа на финансиските фирми и ќе генерира податоци за примањата на потрошувачите но и нивните потрошувачки навики.

 

Извор: CBInsights