3 начини на употреба на видеа во е-трговијата

Видеото често е начин за раскажување на приказни во 21 век, па оттаму е добра идеја е-трговците да го искористат овој тренд во своја полза.

“Денес постојано сме бомбардирани со содржини, а видео е еден од најдобрите начини да се истакнеш“, изјави Крис Луек, извршен директор на FastSpring, глобална платформа за е-трговија со седиште во Санта Барбара, Калифорнија. „На крајот од денот, се исплати да се вложи дополнително време и труд за да се инкорпорираат видеата во вашата стратегија“ – додаде тој.

Каде да започнете со вклучување на видео во вашата севкупна стратегија? Следат неколку идеи од експертите.

Користете видео за да го изградите вашиот бренд

„Бидејќи видеото е природен медиум за раскажување приказни, создавањето креативни видеа за вашиот веб-сајт е одличен почеток“, рече Џон Рејес, извршен директор на EcomVids, компанија за специјализирани видео реклами со седиште во Санта Ана, Калифорнија.

„Тоа може да значи снимање едноставно видео за вас, креирање 20-секунден продукт со демонстрација на вашите производи, сведочења на корисниците, видеа за промотивни понуди или документирање на процесот за нарачка на вашата страна“ – дополни тој.

„Тие воспоставуваат доверба и кредибилитет кај вашите клиенти. Луѓето сакаат да знаат дека купуваат од вистинска компанија со вистински луѓе зад неа, а не само некоја безлична продавница” – рече Рејес.

Магијата на користење видео за брендирање, делумно, е тоа што може да даде увид во внатрешните работи на компанијата.

Вметнете видеа како дел од вашиот маркетинг

Видео е природен медиум за рекламирање и маркетинг, затоа добра идеја е истите да бидат вклучени во вашите стратегии и маркетинг.

„Ако не рекламирате на Facebook или Instagram, време е да започнете”, рече Рејес.

„Рекламите на овие платформи станува почести, но тоа не треба да ве спречи да ги искористите овие платформи кои достигнуваат милијарди луѓе. Најважно е создавање на содржина која е уникатна и директно зборува за вашата целна публика. Можете да направите индиректен видео маркетинг, како што е Facebook Live, или да објавувате едукативни или забавни видео содржини на страниците на социјалните медиуми, за да помогнете во развојот и одржувањето на страницата и корисниците. Видео промоциите се исто така одличен начин за ангажирање на вашата публика, како на пример ограничени понуди или промоции за празниците“ – додаде тој.

Видеа за продуктите

„Прикажување на производи кои се користат и истакнување на нивните можности и капацитети може да помогне во зајакнување на вашиот бизнис. Врз основа на фидбекот од клиентите, се чини дека многу од нив станале свесни за можностите на некој продукт откако гледале видео на страна на е-трговец – вели Џошуа Хал, сопственик на Micromercial, продукција за видеа за производи со седиште во Вирџинија.

„Клиентите повеќе се склони да гледаат видео за продуктот отколку да читаат за него“ – додаде тој.

„Потребни се само неколку секунди да поминеш низ каталог со производи, а потребно е минута или повеќе за да се прочита преглед или блог пост. Со видеа, имате потенцијал да ги задржите купувачите подолго на вашиот сајт. Меѓутоа, ако одлучите да користите видео, важно е редовно да ги правите и објавувате, затоа што клиентите ќе го очекуваат тоа“ – појасни тој.

 

Извор: ecommercetimes.com