Се лансираше Grow by Facebook

Grow by Facebook е промовиран овој месец во UK со слоган „Расти го својот бизнис. Расти ја твојата мрежа. Расти го твојот ум“. Од тогаш, во функција е Фејсбук страна за овој бренд, а во печатена форма ќе биде достапен на одредени аеродроми и железнички станици, додека за клиентите ќе биде испратен директно на нивна адреса со цел да стигнe до што поголем број на претставници на бизнис заедницата. Печатената верзија е бесплатна и не содржи реклами, а токму поради тоа во јавноста почнаа Grow by Facebook да го нарекуваат магазин, по што во повеќе наврати од Фесјбук напоменуваат дека не е магазин, туку е програма за бизнис маркетинг.

Во првиот број, овој продукт содржи совети од основачот на Бизнис Инсајдер за успеси и падови во претприемништвото, новости за технолошките индустрии во Париз, но и интервју со Оскар Олсон од H&M.

Grow by Faceboook, како што пишуваат на нивната страна, е маркетиншка програма која како идеја започнала на мал настан на село пред три и пол години. Тие додаваат дека традиционалните брендови, неприфатените нови бизниси, креатори и кретивци со кои секојдневно работат, барале да бидат поврзани едни со други. Оттаму, Grow е решението – мала, интерактивна pop-up заедница. Преку ваквиот канал целта е да им се помогне на бизнисите да продолжат со креирање на содржина и споделување на информации и искуство. Преку настани и мулти-платформски содржини, имаат за цел да ги развијат бизнисите, мрежите и перспективите со претставување на луѓето, компаниите и трендови кои се справуваат со статус кво.

 

Целата содржина што ќе ја генерираат ќе ја објавуваат на нивната Фејсбук страна и на нивниот блог, во иднина планираат и ново дигитално решение а ќе се употребува комбинација од дигитални медиуми вклучувајќи ги Фесјбук, Инстаграм, Линкдин за дистирубуција на содржината. До крајот на оваа година, целта им е да лансираат подкаст серии со Vanity Fair и претприемачката мрежа Founders Forum.