Кои се предизвиците и бариерите на е-трговците во Македонија?

Според НБРМ, кон крајот на 2017 има 789 регистрирани виртуелни продажни места, а 578 од нив имаат активни веб страни (анализа на АЕТМ). Од вкупно регистираните е-трговци во Македонија во 2017 година, активни биле 578 веб страни за онлајн продажба. Од овие 578 веб страни, околу 500 се активни е-трговци, односно имале минимум една трансакција во 2017 година (анализа на АЕТМ, според петте банки). Според категоризација по дејност, 27% се малопродажба, 19% се услужни дејности, 12% се туризам, 9% се разни продавници, 7% се телекомуникациски услуги, струја, гориво и комунални услуги, 6% се продавници за облека, 4% се едукација, 4% се здруженија и невладини, 3% се финансии, осигурување, недвижности, 3% се владини услуги, 2% се настани (влезници), 2% се прехрамбени производи.

Асоцијацијата спроведе анкетен прашалник врз македонските е-трговци. Од компаниите кои го одговориле прашалникот, застапени се повеќе индустрии: големопродажба, групно вложување, едукација, здруженија и невладини организации, малопродажба, прехрамбени производи, продавници за облека, производство, разни продавници, туризам (туристички агенции, хотели и мотели), услужни дејности и др. Најголем број од они кои одговориле се од малопродажба и услужни дејности.

Повеќето од анкетираните компании продаваат само на домашен пазар во Македонија. 35 од испитаниците скоро 100% или 100% остваруваат продажба на домашен пазар, но прашалникот го одговориле и извозно ориентирани компании кои работат за странски пазар (11%) и компании кои работат и дома и во странство (12%). Од оние кои работат само на домашен пазар, најголем број или 77% како причина за неиспорачување на странски пазар ја навеле скапата испорака.

48.4% од анктираните одговориле дека најголем предизвик при испорака на производите им е враќањето на производи, 32.2% одговориле дека тоа се високите цени за испорака, а 22.6% одговориле дека при испорака имаат потешкотии во административното водење.

Во однос на начин за плаќање на онлајн нарачката, кај 12 компании плаќањето се одвива 100% онлајн, кај 5 од компаниите 76-99% од плаќањата се онлајн, кај 2 компании 51-75% од плаќањата се онлајн, кај 6 компании 26-50% од плаќањата се онлајн, кај 7 компании 11-25% од плаќањата се онлајн, кај 7 компании онлајн плаќањата се 10%, а кај 4 компании има 0% за онлајн плаќања.

Од предизвиците при работењето, анкетираните компании кои одговориле на прашалникот како главен предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар (49%). Останатите предизвици се проблеми од техничка природа (35.9%), испорака на производи (23.1%), недостаток на капацитети за следење и реагирање на новите трендови (17.9%), справување со кориснички поплаки (5.1%).

Според анкетираните е-трговци, бариерите за развој на е-трговијата во Македонија се недоверба во онлајн купувањето (72.1%), ниско ниво на свесност на купувачите за онлајн купување (67.4%), компјутерска писменост (51.2%), платежен систем и недоволно користење на платежни картички (44.2%), безбедносни грижи (37.2%), условите од банките и процедурите за воведувањ е-трговија (27.9%), мала понуда на пазарот од домашни компании (25.6%), високи провизии на банките за онлајн уплати (4.7%).

Повеќе информации за е-трговијата во Македонија може да добиете на https://ecommerce.mk/report2018