Жените и мажите низ бројки: на интернет и во бизнис и финансискиот сектор

Европскиот институт за родова еднаквост има развиено индикатори преку кои ја мери родовата еднаквост во различни сектори и полиња од секојдневниот живот. Дел од тие индикатори се од областа на бизнисот и од областа на употреба на интернет. Податоците кои произлегуваат од нив може да ги прочитате во овој блог пост, а останатите индикатори се достапни на страната на институтот. 

Индикатори за родова еднаквост во бизнис и финасискиот сектор

Во 2017 година, во најголемите компании во Македонија, 33% од жените се претседателки. Само 23% од жените во најголемите компании се членови на управни одбори, има само 25% жени – извршни директорки во најголемите компании и само 10% жени кои се CEO.  Во телата кои носат одлуки во финансискиот сектор, само 25% се жени. Од друга страна, од бројот на заменици и вице гувернери, 66% се жени.

Употреба на интернет

Во Македонија, во последните три месеци од 2017 година, 9% од жените помеѓу 16 и 74 години направиле онлајн нарачка, додека со истите параметри, 11% од мажите направиле онлајн нарачка. 

12% од жените во Македонија, со високо формално образование, го искористиле интернетот во 2017 година за продавање на добра и услуги преку интернет, а тоа го направиле 7% од мажите. Овој процент за мажите. 23% од жените со високо формално образование го користат интернетот за граѓанско и политичко учество, додека за мажите овој процент е 26.

Што вели Државен завод за статистика?

Во статистиката објавена во 2017 година, направена од Државен завод за статистика, се забележува дека во 2016 година, од оние кои земале 40 000+ плата, околку 70% се мажи, додека 30% се жени. Во однос на вработување, речиси 90 000 жени се невработени 4 или повеќе од 4 години, додека отприлика 45 000 од мажите се невработени 4 или повеќе од 4 години.

 

Во контекст на родовата еднаквост, во април организиравме дводневни тренинзи и работилници именувани како „Ladies in e-commerce“, а со ваквите активности ќе продолжиме и во иднина. 

Извор на податоците: Европски институт за родова еднаквост и Државен завод за статистика