АНАЛИЗИ И ИЗВЕШТАИ


Како македонска асоцијација која ја претставува и застапува е-трговијата во Р.С.Македонија, заедно со сите засегнати страни се залагаме за трасирање и олеснување на патот кон поголем раст и развој на овој значаен и просперитетен сектор. За таа цел, на иницијатива на Асоцијацијата, а со поддршка на Mastercard се изготвуваат извештаи од анализата на состојбата со е-трговијата во Република Северна Македонија. Покрај тоа што овие публикации ја отсликуваат состојбата на развојот на е-трговијата во Р.С.Македонија, тие претставуваат и појдовна основа за преземање иницијативи за забрзување на нејзиниот раст и развој. Заклучно со 2022 година се изготвени четири извештаи.
1. Извештај од анализата на е-трговијата: “Е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”

Овој изештај е издаден во ноември, 2022 година и се базира на анализата на е-трговијата во Македонија, Балканот и европските земји. Извештајот е поделен на четири дела:
- Во првиот дел од извештајот се фокусира на анализирање на прогресот на е-трговијата од страна на побарувачката во 2021 во споредба со 2020 година, со посебен фокус на земјите во регионот. Од овој дел може да се воочи колкава е интернет поврзаноста на домаќинствата, колкава е употреба на интернетот, како се карактеризира македонскиот и балканскиот е-купувач, кои се најголемите проблеми при онлајн купување и колку трансакции се остварени во текот на 2021 и првата половина од 2022.
- Вториот дел на извештајот го објаснува прогресот на е-трговијата во Македонија од страна на понудата во 2021 споредбено со 2020 и со европските земји и земјите од регионот. Во овој дел може да се воочи колкава е подготвеноста на компаниите за вршење е-трговија, колкав е бројот на трговци, продажни места и уреди кои прифаќаат платежни картички. Дополнително, во овој дел се наоѓа и анализата на прашалникот за е-трговците во Македонија кој се фокусира на нивните тековни предизвици и бариери, промените кои ги направиле поради covid-19, нивното задоволство и соработка со банките, доставата на производи како и промоцијата.
- Во третиот дел од извештајот се разгледува потенцијалот за развој на е-трговијата во Република Северна Македонија споредбено со регионот и Европа според индексот за мрежно поврзување [NRI].
- Во четвртиот дел од извештајот се наоѓаат заклучните согледувања од анализата, како и иницијативите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија кои придонесуваат за раст и развој на е-трговијата.
ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ СОЗНАНИЈА ОД АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА 2022 – АЕТМ, Д-Р НИНА АНГЕЛОВСКА
2. Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и Европските земји 2021

Овој извештај е изготвен во текот на 2021 година и се состои од четири дела:
- Во првиот дел се анализира состојбата со е-трговијата во 2020 година и тоа обем и вредност по трансакции, како и по видот на уредот и местото на издавање на картичката и местото на опслужување на уредот преку податоците на НБРСМ. Исто така, направена е анализа на податоците за начините на користење на платежните картички за да се согледа промената во навиките за нивно користење.
- Вториот дел од анализата е посветен на разработка на профилот на македоснкиот е-корисник и е-купувач, како и негова споредба со балканскиот и европскиот. Се употребуваат податоците од Еуростат, прибрани од Државниот завод за статистика кои служат за анализирање на податоците за интернет пристап во домаќинствата и употреба на интернетот од населението на возраст од 16-74 години. Анализрани се и податоците за интернет пристап, веб страни, понуда и онлајн продажба на деловните субјекти со над 10 вработени без финансискиот сектор.
- Во третиот дел на извештајот се анализира потенцијалот за развој кој може да обезбеди понатамошен раст на е-трговијата, а за таа цел се користени: B2C индексот за е-трговија на UNCTAD (E-commerce B2C Index) и Индексот на подготвеност за мрежно поврзување (The Networked Readiness Index – NRI).
- Во четвртиот дел се дадени заклучните согледувања, како и преглед на иницијативите за унапредување на е-трговијата преземени од АЕТМ. Претходните објавени анализи во 2018 и 2020 содржат низа препораки за забрзан раст и натамошен развој на е-трговијата во земјата кои се групирани во три главни групи и тоа препораки насочени кон понудата во е-трговија, кон побарувачката (население) и заеднички препораки кои ги засегаат и понудата и побарувачката.
Видео презентација на клучните сознанија од Анализата на е-трговијата 2021 – АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска
3. Извештај од анализата на е-трговијата во Република Северна Македонија – “Анализа на напредокот на е-трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е-трговијата во 2020 година.”

Овој извештај претставува продолжение на „Анализата на е-трговијата: Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки во Р. Македонија“ од 2018 година, која имаше за цел да даде сеопфатен приказ на состојбата во оваа индустрија во Република Северна Македонија и да биде основа за понатамошни чекори и делување.
- Во првиот дел се анализира напредокот на потенцијалот или подготвеноста за вршење на е-трговија во Република Северна Македонија во однос на 2017 година, но и во споредба со земјите од Европа и од регионот, за да може вистински да го согледаме напредокот остварен од 2017.
- Во вториот дел се анализира состојбата со е-трговијата, обем по трансакции и вредност, што се купува онлајн, од каде се купува и сл. Исто така направена е анализа на навиките и начините на користење на интернетот за различни цели и намери во споредба со 2017 година и во однос на европските земји.
- Третиот дел е посветен на анализата на влијанието на ковид-19 врз е-трговијата. Преку спроведените истражувања на македонските е-трговци и е-купувачи, ова поглавје го проценува влијанието врз однесувањето и навиките на потрошувачите, дали и како е-трговците ги искористиле можностите, како одговориле и се прилагодиле на пандемијата, како и предизвиците со кои се соочуваат компаниите за е-трговија и купувачите.
- Четвртиот дел ги сумира препораките за забрзување на растот и развојот на е-трговијата во Република Северна Македонија како резултат на спроведената анализа. Се разгледуваат препораките дадени во 2018 година и нивното спроведување и напредок заедно со следните чекори и новите препораки што можат да им служат на владините, невладините институции и сите засегнати страни.
4. Извештај од анализата на е-трговијата во Република Македонија – “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е – трговијата.”

Во 2018 АЕТМ го објави и промовираше Извештајот од сеопфатната анализа за е-трговија со назив: “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Р. Македонија”.
Извештајот овозможува увид во моменталната состојба на е-трговијата во Македонија, вклучувајќи споредби со земји членки на ЕУ(28); мапирајќи ги предизвиците кои следат на патот кон развојот на е-трговијата; формулирајќи конкретни перпораки и мерки кои придонесуваат кон побрз развој на индустријата.
Извештајот е стрктуриран во 3 делови:
- Првиот дел ја анализира подготвеноста на Македонија за е-трговија земајќи ги во предвид четирите столбови: ИКТ, платежни системи, достава и регулаторната рамка заменети со неколку клучни индекси кои претставуваат пристап кон подготвеноста на државата за е-трговија
- Вториот дел ја разгледува реалната ситуација во Македонија преку анализа на македонскиот е-купувач и моменталната понуда на пазарот, преку анализа на македонските е-трговци
- Третиот дел е посветен на конкретни препораки за да се елиминираат пречките во е-трговијата, со цел да се креира погодна клима за раст и развој на е-трговијата.
Годишната анализа за е-трговија се изработува со поддршка на Mastercard
