fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

4 автоматизирани маркетинг e-mail пораки кои треба да ги користите при вашиот бизнис!

Е-мејл маркетинг е една од најефикасните маркетинг тактики достапни за бизнисите денес, но нејзината моќ расте експоненцијално кога автоматски испраќате насочени пораки врз основа на специфични однесувања на клиентите, наместо да го правите тоа рачно.

Реалноста е дека ни еден сопственик на мал бизнис нема време да пишува индивидуално посветени пораки и да ги испраќа на секој посебно токму во право време. Дури и ако имате буџет за ангажирање персонал или агенција за да ви помогне, нема доволно часови во текот на денот за мануелно да се искористи секоја е-маил маркетинг можност која ви е достапна. Тогаш автоматизацијата ја менува играта.

Па така, ви преставуваме пет е-мејл маркетинг пораки кои можете да ги испратите на клиенти и претплатници автоматски врз основа на однесувањето, кои практично гарантираат зголемување на продажбата. Се прашувате зошто? Бидејќи овие автоматски пораки можат да бидат изградени за конвертирање.
1. Follow-up поддршка за вашите корисници

Дали воспоставувате контакт со вашите корисници откако тие ќе комуницираат со вашиот тим за поддршка? Без разлика дали некој контактира со вашиот бизнис по телефон, е-пошта или онлајн разговор, би требало да имате follow-up порака веднаш подготвена за испраќање откако ќе ја документирате комуникацијата во вашиот софтвер за поддршка на корисниците.
Можете да го автоматизирате целиот процес ако користите алатка за поддршка на корисниците што се интегрира со вашата e-mail маркетинг алатка. Едноставно напишете ја вашата follow-up порака и наместете ја да биде испратена автоматски кога клиентот во Вашата маркетинг e-mail листа ја завршува комуникацијата со претставник за услуги на клиентите.
Оваа порака едноставно може да му каже на клиентот како да добие дополнителна помош ако му е потребна, или може да вклучи анкета за следење на квалитетот на нивното искуство и целокупното задоволство. Можете и да вклучите попуст или друга специјална понуда што корисникот може да ја искористи за идна набавка со цел да го претворат проблемот кој го разрешиле со преставникот за услуги на клиентите во продажба.
2. Предизвикување на повеќе продажби
Кога некој ќе изврши купување од вашиот бизнис, вашиот софтвер за е-пошта за автоматско испраќање на follow-up порака треба веднаш да се активира. Не само што преку оваа порака ќе му се заблагодарите на клиентот за нивно купување, туку исто така можете дополнотелно да му понудите некој друг производ кој можеби е поврзан со оној кој го купил, или пак да вклучите купон за попуст.
За да го направите ова, прво мора да одредите кои производи или услуги би ги нуделе како дополнителни од вашиот веб сајт. Вашата автоматска порака може да вели: “Бидејќи ви се допадна [вметнете купениот производ овде], мислиме дека би ви се допаднало и ова [вметнете тука поврзан производ]!”. Вклучете некои детали за тоа зошто клиентот би го сакал предложениот производ или услуга и линк каде што може веднаш да го купат.
Имајте на ум дека автоматските пораки не мора да бидат ограничени на завршени набавки. Тие исто така можат да бидат испратени кога некој ќе додаде нешто во својата кошничка, но нема да премине на следната фаза.
3. Напуштена кошничка 
Пораките за напуштени кошнички се важен дел од вашата е-маркетинг стратегија. Кога некој ќе одвои време да пронајде производ што му се допаѓа на вашата веб-страница, го става тој производ во неговата онлајн шопинг количка, но го напушта вашиот сајт без да го заврши купувањето, многу е веројатно дека се појавила пречка која го спречила да ја изврши трансакцијата.
Затоа, кога некој ќе ја напушти својата кошничка на вашата веб-страница, вашата e-mail маркетинг алатка треба да биде автоматски наместена да испрати порака со која ќе ги прашате клиентите што не е во ред и потсетувајќи ги да се вратат да ја завршат трансакцијата. Можете дури да вклучите и попуст во пораката за да ги поттикнете да го завршат купувањето.
Се разбира, треба да имате конфигурирано правилно следење во вашата e-mail маркетинг алатка и на вашата веб-страница за напуштената количка да биде вид на аларм кој би предизвикал испраќање на автоматизирана порака. 
4. Порака за заблагодарување

Пораките за заблагодарување може да бидат испратени до вашите клиенти врз основа на различни ‘постапки’ на вашиот веб сајт како извршувањето на трансакција, присуствуво на ваш webinar, пишување на review и така натаму. Клучот е да бидете сигурни дека пораките за благодарност ви звучат автентично и да ги направат корисниците да се чувствуваат ценето и важно.

Пораките за благодараност им покажуваат на потрошувачите дека вашиот бренд е човечки и помагаат да се продлабочи вашиот однос. На тој начин им помагате на потрошувачите да развијат доверба во вашиот бренд.
Бидете искрени и едноставни, со тоа веројатноста дека луѓето повторно ќе купуваат од кај вас и ќе им кажат на другите за вашиот бренд значително се зголемува.

Post a comment