+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Како да ја искористиме новата опција на Instagram stories и да ја зајакнеме продажбата?

Корисниците повеќе нема да мораат да ја напуштат апликацијата за да извршат купување.

Instagram стана една од најатрактивните платформи за социјални медиуми со повеќе од 1 милијарда на дневни активни корисници. Маркетинг агентите од целиот свет почнаа се повеќе да се потпираат на неговиот скриен потенцијал за насочено рекламирање.

Всушност, многу внимание е насочено кон огромната моќ на Instagram за зголемување на приходите на компанијата и зголемување на нејзината база на клиенти. Како пример, многу ресторани успеале да привлечат значителен број на следбеници, едноставно со објавување на визуелно префинети слики од своите јадења и одржување на интересот на публика со прикажување  на нивните најнови креации.

Сепак, функцијата наречена “Instagram Stories”, која беше лансирана во август 2016 година, во моментов во голем дел е окупирана од моменталната корисничка база на Instagram. Компаниите кои сериозно сакаат 2019 да биде нивна најпрофитабилна година, сепак, треба да ја искористат новата ажурирана функција на Instagram Stories, објавена на 12 јуни, која ја додава компоненти за купување.

Клучниот update со кој instagram stories преминаа во успешни зделки

Претходно, беше малку тешко да се користат Instagram Stories како средство за генерирање на продажба. Креаторите можea да додадат линкови на нивните stories, на кои гледачите би можеле да  пристапат со “повлекување нагоре” од Instagram Story и кликнување на линкот.

Секако, маркетарите ќе сторат сé што е во нивна моќ за да создадат интересни stories кои ќе ја привлечат публиката и ќе го задржат нивното внимание колку што е можно подолго. Instagram Stories се одличен начин да се насочи голем процент од целната публика кон една веб-страница.

Но можеби има еден мал проблем: кликнувањето на линк, ги носи корисниците надвор од апликацијата Instagram, на веб-страница во посебна апликација за веб-прелистувач. Ова значи дека би требало да се вложат повеќе напори за создавање интересна, убедлива веб-страница која би ги задржала посетителите. Впрочем, имате само неколку секунди за да го задржите вниманието на луѓето, иако не е лесно за купувачот да ги купи вашите производи, сте изгубиле потенцијална продажба.

Најновите надградби на Instagram Stories го менуваат сето ова: Компаниите сега ќе можат да внесат директни линкови за продажба во своите stories – бесплатно!, – и им овозможуваат на луѓето директно да купуваат додека сеуште се во апликацијата Instagram.

Способноста да се продаде производ преку продавач на трети лица, како што најчесто се случува во комбинираниот маркетинг, моментално е недостапна, но сеуште имате можност да ги промовирате производите кои директно ги продавате.

На лансирањето, новата опција на Instagram Story беше веднаш достапна  за поголемите брендови, како што се Louis Vuitton. Сепак, на Instagram корисниците со деловна сметка  на Facebook shop им се овозможуваа маркетинг на производот.

За  да се подготвите во целост да ги искористите новите и подобрени Instagram stories еве некои стртегии кои ке ви помогнат да го зголемите вашиот краен резултат:

Стратегија 1: Максимизирање на подршка од славни личности

Замислете да имате славна личност, која е омилена помеѓу вашата публика, и се појавува во “selfie” видео во кое таа го промовира вашиот производ во реално време и ги поттикнува сите да го купат.

Визуелните сведоштва се високо ефективна маркетиншка алатка, бидејќи луѓето се способни да се поврзат со луѓе кои им се познати, или слични на нив. Новата функција на Instagram Story го зема овој принцип и го комбинира со концептот “лесна продажба”.

Број 1 проблем на онлајн маркетингот е процесот на продажба кој го прави чинот на купување премногу долг или тежок. Пред ова ново ажурирање, клиентот мораше да кликне на линкот во Instagram Story, да ја напушти апликацијата и да помине низ долг процес на купување на веб страната.

Сега, тоа е буквално поедноставно со додавање на “click-to-shop” линкот во едитирањето на вашата Instagram story. Луѓето ќе ја видат славната личност која го поддржува вашиот продукт, линкот веднаш ќе се појави што им кажува на гледачите дека можат да го купат производот токму сега, ќе кликнат на врската, ќе ги внесат нивните податоци за купување и “voila!”

Стратегија 2: Искористете ги предностите на празниците.

Додека многу компании се свесни за моќта која ја има огромниот попуст за време на празници каде што купувачите се во шопинг расположение, повеќето од нив не знаат како правилно да профитираат на тоа. Е-маил маркетингот е чест начин да се постигне ова, бидејќи насловот во кој се споменува “попуст од 50 проценти” честопати ги тера луѓето да ја отворат е-поштата и да започнат да пазаруваат. Instagram Stories сега понуди супериорна опција, благодарение на можноста за директно купување на продукти во апликацијата Instagram. Повеќе нема потреба од посредникот веб-прегледувач, ако ви се допаѓа производот кој е прикажан во Story, само кликнете и купете.

Оваа надградба на “Instagram Story” е само почеток.

И покрај оваа нова “click to buy” опција во Instagram story, се очекува дека ќе има неколку промени кои ќе го направат Instagram поконкурентен, во однос на Јутјуб и Snapchat. Раните извештаи шпекулираат дека надградбата може да овозможи повеќе опции за насочен маркетинг. Со други зборови, Instagram story може исто така да биде прикажана на гледачи кои моментно не ја следат Instagram страната на одредена компанија.

Едно е сигурно: Instagram станува моќна сила кога станува збор за онлајн маркетинг и продажба. За бизнисите би било многу мудро да го инвестираат своето време, напор и пари за да пронајдат како најдобро можат да ја користат мобилната апликација за привлекување на клиенти кои плаќаат повеќе и овозможуваат постојано зголемување на предвидениот профит.

Post a comment