+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Светската трговска организација (СТО) ќе разговара за регулирање на е-трговија

Седумдесет и шест земји и региони, вклучувајќи ја Европската унија (ЕУ), САД и Јапонија се согласија да започнат преговори за одредување на транспарентни и предвидливи правила за трговија, незадоволни од недоволната регулација за брзиот раст во секторот, предвидена од Светската трговска организација (СТО).

Кина сигнализираше дека ќе ја поддржи иницијативата со некои услови, додавајќи дека сепак треба да бидат земени предвид потребите на земјите во развој.

Електронска трговија со стоки и услуги стана огромен дел од светската економија. Извештајот на СТО ја оцени вкупната нејзина вредност за 2016-та година на 27,7 илјади милијарди долари, од кои речиси 24 илјади милијарди долари е беа трансакции од компанија до компанија.

На маргините на Светскиот економски форум во Давос претставници на 76 земји и региони, или речиси половина од 164-те членки на СТО, се согласија да изработат агенда за преговори, кои се надеваат да започнат оваа година со цел одредување на нови правила за онлајн трговијата.

Актуелните правила на СТО не ги задоволуваат потребите на 21-виот век. Тоа се гледа од фактот дека нема цврсти правила за трговијата, рече јапонскиот министер за трговија Хирошиге Секо.

Правилата на СТО ќе бидат насочени кон проширување на можностите и решавање на проблемите во областа на интернет маркетингот, како во развиените, така и во земјите во развој, се наведува во соопштението.

Преговорите треба да доведат до создавање на мултилатерална правна основа врз која потрошувачите и компаниите можат да се потпрат.

Меѓу мерките наведени во соопштението, е да се надминат бариерите, спречувањето на прекуграничната продажба, борба против „спамовите“, гаранција за веродостојност на електронските договори и електронските потписи.

Post a comment